логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

По стапките на ангелите во карпестите цркви

Легендата вели дека црквите биле издлабени под површината на земјата откако Господ му наложил на кралот Лалибела да изгради цркви какви што светот дотогаш не видел и му испратил ангели да му помогнат

 etiopija.jpg

Додека странецот во близина црта, етиопскиот свештеник Месганав Таркгн ја мести извезената капа и го подига крстот во совршена поза. Наместо благослов, туристите повеќе сакаат фотографија од религиозниот живот во црквите издлабени во црвените карпи во Лалибела, што многумина ги нарекуваат осмо светско чудо. Етиопија е втората најстара христијанска земја на светот, но поседува и богатства од муслиманските кралства, па властите се надеваат дека ќе ги привлечат туристите заинтересирани за религијата. Легендата вели дека овие цркви биле издлабени под површината за земјата на крајот на 11 и почетокот на 12 век откако Господ му наложил на кралот Лалибела да изгради цркви какви што светот дотогаш не видел и му испратил ангели да му помогнат.

- Би бил среќен кога би им посакал добредојде на многу повеќе туристи. Сакам луѓето да дознаат за Лалибела - вели Месганав, кој е православен свештеник веќе 32 години.

Со векови посветените христијани патувале пеш или со магариња за да ги видат црквите издигнати на северните висорамнини. Черепите и мумифицираните останки од некои од нив и сега може да се видат во гробниците издлабени длабоко во карпестите ѕидови околу една од црквите, „Бејт Гиоргис“ (Свети Ѓорѓи). Етиопија има осум историски локации на листата на Светското културно наследство на УНЕСКО, но децениите глад, конфликти и политичка нестабилност ги чувале државата и нејзините величествени палати, обелисци и замоци понастрана од стандардните туристички тури за повеќето посетители на Африка.


 etiopija1.jpg

Црквите во Лалибела не се „мртви реликвии“. Тие се преполни со локалните верници секој ден, а некои од нив читаат библиски стихови напишани на 2.500 години стариот јазик ге’ез. Другите ги притискаат усните и челата врз влажните ѕидови, ги гушкаат облите столбови или легнуваат на земја за да ги бакнат камените подови. Во една затемнета просторија музичарите тропаат на тапани од козја кожа придружувајќи ги молитвените песни на свештениците. Лани француските археолози откриле три средновековни града во срцето на кралството Шоа, низ кое се вкрстувале трговските патишта што ги поврзувале христијанските висорамнини и муслиманските пристаништа на Црвеното Море во периодот од 10 до 16 век.

- Ако има премногу туристи тоа може да биде опасно за спомениците, но и за перцепцијата за местото. Луѓето може да се откажат од доаѓањето тука ако видат премногу луѓе - вели Валентина Ресенте, архитект што работи на проект на Европската комисија за покривање на пет цркви во Лалибела со привремени засолништа.

УНЕСКО е загрижен и поради се' подлабоките напукнувања на таваните на некои цркви, па се преговара со етиопската влада, со религиозните власти и со мештаните за реставрирање. 


etiopija2.jpg 

Директорот на УНЕСКО за Етиопија, Нурелдин Сати, вели дека нема простор за паника.

- Лалибела се' уште не е локација во опасност, но сепак размислуваме за итна акција за црквите што се загрозени. Ситуацијата е многу сериозна - вели тој. Зачувувањето на античките споменици е само еден од проблемите со кои мора да се соочи етиопската влада во борбата за туристи со Кенија, Танзанија и Јужна Африка. Тука очајно се потребни хотели, подобри транспортни врски и банки во кои туристите ќе ги сменат странските валути во бири, етиопската национална валута. На малиот аеродром во Лалибела постојано можете да видите фрустрирани туристи што го критикуваат редот на летање, односно недостигот од него поради одложените и откажани летови и техничките проблеми на авионите.

- Посетата на Лалибела ми го потврди чувството на гордост со мојата држава. Без оглед што ќе видам во иднина, никогаш нема да ја заборавам убавината на оваа света земја - напишал еден Етиопиец во минатиот месец.

Извор: Дневник

Посети: {moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная