на свети Теофан
Светлината Христова
пеколна темнина осветли,
благодатта Негова
затворник те направи.
Без пекање по земни сладости
без двоумење по светлини минливи,
епископ на овците заблудени
пастир и светилник на оние кои се живи.
Радувај се молитвениче
кој искра во оган разгоре,
радувај се затворниче
кој низ прозор вистината ја провлече.
Тежина од твоите поуки
Елеј кој човека од зачмаеност го буди,
Око благодатно кое ѕерка во мудроста
Факел молитвен при кого паствата ита.
Ах, душо благодари на Господа,
Нивата ликува од раце негови обработена.
Угодниче чии мисли ме поведоа
до маслиновата Гора на покајанието,
подвижниче чиј пример срце ми исполни
за при Господа патека ми исправи.
Радувај се, радувај се,
ти кој се поучуваше
и Окото Недремливо го поддржуваше.
Од поезијата Манастирски води на сестринството на Слепченскиот Манастир
https://www.manastirslepche.mk/novost/zatvornik/