логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


РИЗНИЦАТА НА СРЦЕТО

(Мт. 6, 14-21)

metodij.izlozba2.jpg Почетокот на секој добродетелен живот, на секој духовен подвиг, е имено проштевањето. Човекот не може да стави добар темел дури и за подвигот на секојдневниот живот, на оние најобични обврски и предизвици што со себе ги носи секој ден, ако нема мир во себе и околу себе. Ваквото насушно измирување подразбира, прво, човекот де си прости и да се измири со самиот себеси, потоа, преку тоа искуство, да се научи да им проштева и да се измири со луѓето околу себе, и конечно, достигнувајќи ваков духовен опит, да се измири со целиот свет и да проштева безрезервно. Тоа е совршената мера на богоуподобувањето. Зашто, на тој начин, стануваме учесници и сотрудници во вистинското обновување на заветот, којшто Бог го направи со човекот тогаш, кога преку проштевањето го надмина сето она што човекот го беше расипал со падот, со гревот. Сепак, почетокот е внатре во човекот.

Зошто е важно самопроштевањето и самоизмирувањето? Зошто е важно личното покајание? Најпрвин затоа што човекот, измирувајќи се со самиот себеси, се спознава себеси и го изострува осетот и вниманието кон она што го живее. Ги набљудува реакциите на срцето. Ги скротува стихиите на телото. Внимава на секој свој збор, - не само оној што излегува низ устата, туку и оној што започнал да се образува во умот. Ако поревнува во сево ова и ја стекне добрата навика на постојано бдение, тогаш тој е на вистинскиот пат на преобразбата, која започува со очистување, потоа продолжува со осветување, и се исполнува со обожување како позитивен одговор на божествениот повик за спасение.

 А за тој покајнички етос да вроди со плод и во соборниот, односно црковниот живот на човекот, тој показанието и проштевањето треба потоа да го пренесе и на животот околу себе. Спрема своите ближни. Токму затоа и Спасителот, кога ги поучуваше апостолите како да се молат, ни ја даде молитвата со која Му се обраќаме на Нашиот Отец Небесен и во неа, токму централно место го содржи следново: “Прости ни ги нашите долгови, како што и ние им ги проштеваме на нашите должници”. Тоа не е само поука, не е само патетична фраза, туку и обврска и завештание. Нашиот однос кон Бога, конечно, нашата состојба на Судот, ќе зависи од тоа како ние сме се измириле со нашите најблиски и колку сме им простиле: Бидејќи, ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен; ако, пак, не им ги простите гревовите на луѓето, и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите. Или на друго место, преку устата на апостолот кој ги поучуваше Римјаните: И така, не можеш да се изговараш, о човеку, кој и да си ти, оти со каков суд судиш друг, со таков се осудуваш сам, бидејќи ти, кој судиш, го правиш истото. А знаеме дека Божјиот суд, навистина, паѓа врз оние, кои вршат такви работи. Зар мислиш, о човеку, дека ќе го избегнеш Божјиот суд ти, кој ги осудуваш оние, што прават такви работи, какви што правиш и сам? Или, пак, го презираш богатството на Божјата благост, кротост и долготрпеливост, не разбирајќи дека Божјата благост те води кон покајување? Но, според твојата упорност и непокајаното срце си собираш гнев за денот на гневот, кога ќе се открие праведниот суд од Бога, Кој секому ќе му даде според неговите дела: живот вечен на оние, кои со трпение во добрите дела бараат слава, чест и бесмртност; јарост, пак, и гнев на оние, што упорствуваат на вистината, а се покоруваат на неправдата (Рим. 2, 1-8). Наместо погубниот пат на човечката правда, осудувањето и самооправдувањето, апостолот ни го открива патот на добриот подвиг на покајанието, проштевањето и измирувањето, пат кој е овенчан со блажена бесмртност.

Во една крајно кондензирана форма, Спасителот ја побудува нашата будност и со зборовите: бидете милостиви како што е милостив вашиот Отец. Не судете и нема да бидете судени; и не осудувајте, за да не бидете осудени; проштавајте и ќе ви биде простено; давајте и ќе ви се даде: мерка добра, набиена, натресена и преполнета ќе ви дадат в раце; оти со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери (Лк. 6, 36-38) .

 Секое наше дело, збор или мисла имаат свој одраз на есхатолошки план. Секој гест на нашата лична побожност, затоа, мора да биде искрен и нелицемерен. Дури и во елементарните чинители на нашата аскеза, поточно особено во неа, во постот и молитвата, нашата ревност треба да биде беспрекорна, а нашата посветеност - потполна. Причината и целта на секое добро дело треба да биде далеку од суетната слава на светот. Инаку, она што е лековито и спасоносно, го претвораме во манир, во театар и маскарада. Затоа и Господ ја разобличува суетната злоупотреба на побожноста, која логосот, образот Божји во нас, го претвора во маска, а човекот обдарен со слобода, го претвора во роб на измачувачки ритуали, низ кои душата сепак останува отровена од гревот: Кога постите, не бидете жалосни како лицемерите; зашто тие си ги прават лицата мрачни, за да се покажат пред луѓето дека постат. Вистина ви велам, оти тие ја добиле веќе својата награда. А каква награда всушност добиваат тие? Куртоазност за куртоазност. Лицемерие за лицемерие. Суета за суета. Празна слава и минливи почести. Не случајно Спасителот ваквата духовна катаклизма во Евангелието ја споредува со варосан гроб. Однадвор уреден, бел и чист, а одвнатре исполнет со гнасот на смртта.

 Како антитеза на крајната духовна отпаднатост, Господ Исус Христос ни го препорачува етосот на усрдниот духовен труд, кој е вистински и нелицемерен, помажан со елејот на милосрдие и украсен со чистотата на образот, за да засвети со нетварната светлина на таворското преображение: А ти, кога постиш, помажи ја главата своја и измиј го лицето свое, па да се покажеш дека постиш не пред луѓето, туку пред својот Отец, Кој е во тајност; и твојот Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно.

 Нема поголема награда од тоа, кога Бог се радува на нашето духовно растење. Како што таткото му се израдува на враќањето на заблудениот син. Зашто тој ги знае тајните на нашето срце, ја знае нашата искрена намера и тежнение. Тајноста на подвигот е израз на благочестива скромност. Но, и во ползувањето на овој непробоен штит за нашата духовна борба треба да бидеме внимателни. Да испитуваме дали криењето на подвигот е од смирение, или затоа што се срамиме од исполнувањето на спасоносните заповеди? Дали се срамиме од Христа и Неговото учење? Дали се плашиме да не бидеме исмеани како религиозно затуцани? Индоктринирани со некои застарени традиции? Секое ќоше од нашата совест трба да биде темелно исчистено од колебливост и малограѓанска дволичност. Измиј го лицето, помажи ја главата, само вистина да остане во тебе и на тебе!

 Не собирајте богатства на земјата, каде што ги јаде молецот и 'рѓата, и каде што крадците ги поткопуваат и крадат; но собирајте си богатства на небото, каде што ни молец, ниту 'рѓа ги јаде, и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат; зашто, каде што е богатството ваше, таму ќе биде и срцето ваше.

 (Продолжува)

Друго:

Митрополит Методиј Златанов - ПЕДАГОГИЈАТА НА БЛАЖЕНСТВАТА

 Promocija.Kaskadi.jpg

Митрополит Методиј Златанов

КАСКАДИ

(егзегетски беседи)

Издавачки центар ТРИ

 Promocija.Kaskadi.jpg

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2026
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2048
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 494
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

07/05/2026 - четврток

Светиот маченик Сава Стратилат; Преподобна Елисавета; Светите маченици Пасикрат и Валентин; Преподобен Тома Јуродив; Светите маченици Лука и Никола;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная