логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Некоj те има повредено вчера, завчера, минатата недела, минатиот месец, минатата година или пред многу години и чувствуваш дека не можеш да го заборавиш она што ти е направено. Чуствуваш како камен да ти стои во душата, чуствуваш  дека длабoко си повреден и дека ти е направена длабока рана во срцето, но немаш сили да поминеш преку сето тоа. Некогаш ти доаѓа да се осветиш, друг пат посакуваш да заборавиш, но како и да се менуваат чувствата, секое сеќавање предизвикува болка.

Сите луѓе  се чувствуваат повредени кога некоj на еден или друг начин ќе ги навреде, изневери или онеправда. Болката коjа доаѓа преку навредите накогаш може да биде силна и постоjана долго време. Така некои навреди луѓето ги чувствуваат болно со месеци а други пак и со години. Кога тоа се случува, луѓето психолошки  постануваат заробеници на повредите и духовно неспособни за позитивни доживувања во животот. Заробени од болката на навредите, секогаш луѓето кога ќе се сетат на повредата или  на лицето кое им има нанесено повреда,  несвесно и неконтролирано доживуваат длабоки психолошки трауми кои предизвикуваат губење на расположението и акумулирање  на голема количина на горчина и jад во нивните срца.

 Но ова не мора секогаш да се случува вака. Постои идеален начин за ослободување од последиците на ваквите повреди.  За да може човек да се ослободи од ваквите психолошки трауми, треба да научи да простува. Простувањето   е наjбрзата, наjефективната и наjсигурната терапиjа за ослободување на човечката душа од болката  на навредите. За да може да jа постигне своjата цел,  потребно е да се научи  правилно да се примени. Обично луѓето не умеат да се справат со духот на непростувањето затоа што не знаат што е простување. Главна причина што на сакаат да простат е затоа што на знаат што значи да се простува.

Што е простувањето?

Простувањето е свесна и доброволна акциjа на ослободување од неприjатни навреди или дела   на некого. Тоа е свесна одлука на доброволно ослободување од сторената неправда спрема нас. Простувањето е  разрешување на неправдата коjа ни jа имат нанесено. Тоа е разрешување на сторителот на неправдата од сите обврски и долгови спрема нас. Непростувањето од друга страна е држење на лицето и понатаму одговорно за стореното недело. Тоа е барање на надокнада, отплата или освета за она што ни е нанесено. Проблемот со непростувањето се состои во тоа што многу повреди на чувствата, афторитетот или на  личната репутациjа не можат да се отплатат или надокнадат.

Инаку луѓето на разни начини се обидуваат да jа надминат болката од навредите. Повеќето прават оправдување на неправдата на тоj начин што  се обидуваат да ги сватат причините за неправдата. Други се обидуваат да го заборават она што им е направено. Трети jа игнорират неправдата обидуваjќи се да се однесуват како ништо да не било. Четврти сметат дека треба да се толерира неправдата. Но за жал ни еден од овие  начини  не е ефективен и ни еден од овие начини не помага за ослободување од болката на навредите.  Овие начини не се проштевање затоа што преставуваат обид  на занемарување на реалните чувства и живеење во самообнана коjа не може да  jа елиминира или залечи  болката од неправдата. 

Да бараш оправдување на она што ти е нанесено, да го заборавиш, или толерираш она што ти е направено  или пак да се обидуваш да jа прифатиш личноста онаква како што е,  со сите неjзини слабости  и маани, не значи проштевање. Проштевањето  е свесна  и доброволна акциjа на сознавање на лошото кое ни е направено и ослободување на сторителот од неговата одговорност за тоа.

Некои велат ако му простиш на некого, тоа значи ти да jа замеш кривицата за неправдата коjа ти е нанесена. Ова апсолутно не е вистина бидеjќи  актот на простување е акт на лично духовно растеретување а не дуплирање или зголемување на болката.   

Но простувањето не е едноставен и лесен чин. Тоа е акт коj бара голема самоконтрола и духовна зрелост на  личноста. Инаку постоjат полно причини кои им сметаат на луѓето да простат. Наjголема причина за непростување е гордоста. Луѓето сметат дека ако простат, тоа би значело понижување и губење на достоинството и честа. Исто така,  некои сметат да му се прости  на некоj значи сторителот да  помине без да одговара за злото. Заради овоj став многумина не сакаат да простат  затоа што сакаат лицето да го видат да  доживее некаква казна или освета.

Покраj гордоста, горчината е исто така една од главните причини за непростување. Многу пати кога некоj ќе ни направи лошо, ние несвесно дозволуваме тоа да живее во нас и постепено да ствара горчина во душата. Затоа кога некоj ќе ни згреши потребно е веднаш да му простиме бидеjќи може да се случи тоа да се претвори во горчина во душата. Горчината е активно и доста опасно  чувство кое може да се истури дури и на луѓе кои воопшто немат врска со причините за тоа. Горчината е интензивна лутина коjа го труе целото наше битие. Таа jа обременува душата а го труе и телото на човекот. Горчината не може да се сокрие, таа го окупира и парализира  секоj дел од човечкото битие. Таа не дозволува човек да ужива во животот.  Човек исполнет со горчина не е задоволен се додека не виде личноста што jа мразе, не плате со нешто. Но горчината е како бумеранг, ти го упатуваш на друг а тоj ти се враќа и ти задава тебе уште посилен удар.

Многу луѓе денес одат  по  разни лекари  бараjќи  своите здраствени и духовни проблеми да ги излечат со разни апчиња и медикаменти. Многумина не се свесни дека голем дел од нивните тегоби се предизвикани од горчината. Не знаат дека горчината не се лечи со лекови. Не знаат дека ако не се соочат со неа, таа  може  со години  да биде присутна во нив. И ако горчината престоjува долго во човечкото битие со сигурност полека ќе предизвика разни проблеми во човечкиот систем. Денес милони годишно  се трошат за лекови од  луѓе кои не се способни да се соочат со духот на непростувањето. Тие сакаат да се излечат и да  се чувствуват подобро,  но тоа не се случува затоа што не умеат да речат ти простувам. Не знаат дека во простувањето е мудроста и слободата.

 Има и луѓе кои мислат да му се прости на некого треба да се  отиде  каj лицето и лично да му се каже за тоа. Да се прости нe значи дека треба да се отиде и вербално да му се соопшти тоа на лицето кое ни има згрешено. Исто така,  не се бара лицето повторно  да ни биде близок или приjател. Простувањето едноставно е личен чин на духовно ослободување од она што не обременува.  Простувањето не бара некоj предуслов ,  повторен контакт или било каква средба со сторителот на неправдата.

Некои луѓе се  немоќни  да простат затоа што длабоко jа чувствуваат раната од повредата. Велат    вие не знаете колку лошо ми имат направено.  Но простувањето не е чувство. Чуствота доаѓат отпосле.  Секогаш има луѓе на  кои им имат направено уште полошо па тие сепак  имат простено.

Што се случува кога не сакаме да простиме?

Колку повеќе одуговлечиме, толку повеќе ни се случува поголема штета. Кога човек не може да прости му се случува емоционално ропство. Таков човек  не е во состоjба да ги чувствува добрите работи и не умее да живее како што треба. Луѓето кои не можат да простат се духовно замрзнати, не мислат на сегашноста и иднината, туку живеат во минатото. Некако како безброj пати да го преживуват истото лошо искуство кое им се има случено во минатото. Ваквите луѓе се нервозни, незадоволни,  недоверливи и неспособни да се дружат и социализират со другите луѓе. Постоjано се лути и лутината лесно  jа иразуваат на се и кон  секого. Инаку, меѓу останатите проблеми кои jа блокираат социjалната и емоционалната можност за нормално сожителство со другите луѓе е неможноста да сакаат. Личност коjа не умее да прости не може да поседува љубов. Непростувањето jа блокира љубовта. Од една стана таков човек не може да изразаи  љубов  а од друга страна и ако некоj му изрази љубов, таквиот човек  се сомнева и неверува затоа што себе си се смета недостоен  за сакање. Горчината и лутината не им дозволуваат на такви луѓе  да се чувствуват  сакани. Заради овие краjно деструктивни причини неслучаjно светиот апостол Павле рекол: "Секое огорчение и jарост, гнев, викање и хулење нека бидат подалеку од вас заедно со секоjа друга злоба".  (Ефес. 4:31)  Да се ставе огорчението, jароста и гневот настрана значи да се справиме со нив  а  ќе се справиме успешно со нив само ако научиме да проштаваме.

 Кога некогаш на пример се обидуваме со некоj да воспоставиме блискост, често се случува личноста да направи некоj гест или акциjа  со коjа сака да jа избегне можноста за зближување. Чуствуваjќи длабоко во себе дека не е во состоjба да возврати на вниманието, едноставно бара начин да избегне се              што може jа обврзи на поголемо зближување и нтимност. Ова е причината  што предизвикува големи разочарувања во браковите, во односите помеѓу родителите и децата и во односите  помеѓу приjателите.

Ако простувањето  е лично ослободување од последиците на неправдата извршена над нас, непростувањето е избор и  лична одлука да се живее  и понатаму  со болката од неправдата. Ова значи  дека имаме избор во однос на нaшето однесување кон неправдите и навредите. Можеме да простиме и со тоа засекогаш да се ослободиме од траумите на негативните сеќавања  или пак можеме да избереме да не проштаваме и понатаму   да живееме со горчина и  во надеш дека  сторителот на неправдата конечно ќе плати  за стореното недело. Но како што видовме, непростувањето има многу скапа цена и деструктивни последици како по содржината на нашиот живот така и по целокупната состоjба на нашето психофизичко битие.

Инаку луѓето далеку повеќе ги чуствуваат навредите и неправдите врз себе од другите луѓе отколку навредите и неправдите што тие ги прават на други луѓе. Искуството  покажува дека ние  полесно ги уочуваме и реагираме на слабостите на другите отколку што можеме да ги согледаме сопствените слабости. Во ова смисл аи Господ Исус Христос рекол:     "  jа гледате раската во окото на брата ви а гредата во своето око не jа чуствувате" . (Матеj 6:3 ) Реалноста  покажува дека во процесот на живеењето  некогаш нам некоj ќе не навреди,  друг пат ние некого ќе повредиме без да сакаме.  Сите луѓе грешат и сите потребно е да бидат широко отворени кон потребата од взаемно простување. Старите велат не сме ангели повеќе да не грешиме, ниту пак сме  ѓаволи да не можиме да си простиме. Простувањето посебно за нас христиjаните треба да представува   единствена алтернатива во решавањето на проблемите во меѓучовечките односи. Тоа претставува практично остварување на Божjата заповед за љубов  и милост кон ближните.

Денес современите психиjатри сознаваjќи го позитивниот ефект на проштевањето, почнаа проштевањето да го препорачуваат и употребуваат како терапиjа во третирањето на проблемите во односите на  современите семеjства. Така она што беше со векови проповедано од црквата,  наеднаш се наjде во современите прирачници на денешните психиjатри. Во последно време се поjавиjа повеќе книги кои од чисто психолошки аспект го третираат овоj проблем. Меѓу нив, наjповеќе внимание привлекоа студиите: " Проштевање  " од Фред Деплазио, " Од лутина до проштевање" од Ерни Ларсен  и " Фамилиите и проштевањето " од Тери Харгрив.

 Сите овие психолошки студии  навистина многу се корисни во расветлувањето на психолошката состоjба на човекот при изборот на проштевање или непроштевање. Но колку и да допринесуваат во процесот на  духовното освестување, колку и да помагаат во расчистување на последиците од алтернативите при нашиот избор, сепак  проштевањето jа губи своjата универзална и практична смисла и сила ако не е базирано на христиjанска основа. Ова значи дека терапиjата на проштевање не може да биде тотално ефективна, ако не е заснована на христиjанската вера. Искуството покажува дека само верата може да го мотивира човек  вистински да прости. Без вера во Бога, без христиjаско разбирање и осмислување на проштевањето, многу тешко човек би можел  да прими и прифати неправди и навреди врз себе. Само преку призмата на Христа и Неговото учење,  проштевањето може да постане  сила коjа целосно  обновува и трансформира.

Нашата Света Православна Црква коjа добро jа познава универзалната димензиjа на проштевањето,  со векови го  препорачува  проштевањето  како  главен христиjански предуслов за остварување на нормални односи меѓу луѓето. Во православието, проштевањето е сватено како врата коjа води кон духовно смирение          и социjално помирување на христиjанинот со Бога и со околината во коjа и со коjа живее. Заради величината на оваа негова духовно-социjална димензиjа, проштевањето има значаjно место во нашата православна теологиjа и во изразувањето на нашата христиjанска  пракса.   Така проштевањето има важно место во нашата православна  теологиjа со тоа што претставува важен христиjански идеал  преку коj е остварено човечкото спасение  а во исто време претставува и духовна  акциjа  преку   коjа христиjаните   во пракса го спроведуваат  идеалот на христиjанската љубов.

Инаку  спрема  православната  вера, смислата и значењето на проштевањето  своjа длабока теолошка димензиjа наjпрво има во разбирањето на универзалниот чин на инкарнациjа  на нашиот Спасител Господ Исус Христос.  Во евангелието на Jован 3 глава 17 стих се вели дека Бог го испратил своjот единороден Син, не да го осуди светот, туку  преку Него светот да биде спасен. Ова за нас значи дека Господ Исус Христос дошол на земjата и пострадал на крст токму заради целта, преку сопствената  жртва да оствари  помирување на човекот со Бога и прошка на сите негови  гревови. Така, преку Христовата спасителна жртва, проштевањето постанало централна Богочовечка акциjа преку коjа се остварило  спасението на човечкиот род а во исто време  Христовото  однесување  на крстот   постанало идеален  пример  и  прототип  на идеално однесување за христиjаните. Кога Господ Исус Христос висел во маченичка агониjа на крстот,  Он не ги проколнувал оние кои го измачувале,  ниту пак барал освета или  било каква казна за нив. Напротив,  Он се молел за нив на Отецот Небесен  и  барал од Отецот  да им прости бидеjќи не знаеле што прават. (  Лука 23 : 34 )

   Спасителот Господ Исус Христос за време на своjата трииполгодишна евангелска мисиjа  во многу случаи  го истакнувал или препорачувал проштевањето,  укажуваjќи  на потребата од негова универзална и безгранична примена. Така,  во една прилика кога го прашале  колку пати треба да му се прости на братот,  сметаjќи дека треба да се прости до седум пати, Спасителот недвосмислено и jасно  одговорил: "Не седум  пати, туку седум по седумдесет и седум пати  "    (Матеj 10:22 ) Oвоj проштален  принцип, Христос го применувал и афирмирал jавно  многу често. Така, секогаш кога  правел чудесни исцелениjа, после тоа на исцелените  им велел : " Ти се простуват греовите, оди и повеќе не греши ".( Матеj 9: 2 )    Истото го направил и кога jа ослободил жената фатена во прељуба. Откако jа спасил од нападите на неjзините обвинувачи и неа и рекол :"Ти се проштеваат гревовите, оди си и повеќе не греши".(  Матеj  )

 Инаку потребата од постоjано проштевање, Спасителот Господ Исус Христос jа истакнал до степен на заповед во прозбата  на Господната молитва " Оче Наш".   Во Матеj 6 глава 12 стих се вели: " и прости ни ги долговите наши  како што им ги проштеваме и ние на нашите должници " а ова прозба веднаш jа дообjаснил во 15 стих  каде се вели : "ако пак не им ги простите гревовите на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите ". Истото ова Христос уште поjасно и подраматично го кажал преку приказната за должникот каде што на краjот рекол: "Така и Моjот Отец небесен ќе направи со вас ако секоj од вас не му ги прости од срце гревовите на брата си". (Матеj 18: 35 )

Спасителот Господ Исус Христос е многу jасен и прецизен во однос на потребата од проштевање. Од една страна проштевањето го поставува како предуслов за комуницирање и остварување блискост  со Бога а од друга страна го препорачува како единствен начин за решавање на конфликтните ситуации меѓу луѓето. Спрема Христа, да бидеш исправен пред Бога значи да го применуваш она што  Отецот  го применува кон сите нас, односно да умееш да ги проштеваш  гревовите на другите, да научиш да велиш кога некоj ќе ти згрши  ти проштевам. Ова укажува на фактот дека не можеш да се сметаш  себе  си  за добар и исправен пред Бога само ако одиш в црква, даваш дарениjа или помагаш на било каков начин  а во себе поседуваш инаетски дух на непроштевање. Не можеш да изгледаш исправно од надвор ако внатре поседуваш дух на непростување. Во оваа смисла неслучаjно  Господ  рекол: "Ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, тогаш остави го дарот таму пред жртвеникот,  па отиди наjнапред помири се со брата   си а потоа принеси го дарот" ( Матеj 5 :23-24 )

 Спасителот Господ Исус Христос бил категоричен  и многу jасен во однос на прошталната должност на христиjаните и нивнното однесување кон нивните неприjатели. Поштевањето го вклучил во основните предуслови преку кои се изразува христиjанската милост и љубов. Во беседата на гората рекол: " Љубете ги неприjателите свои, благословуваjте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и    гонат ". (Матеj 5 : 44)

 Светиот апостол Павле коj дава прекрасни обjаснувања на Христовата спасителна мисиjа и на Неговите божествени  зборови,  во однос на потребата од взаемно проштевање и уважување  рекол: "еден спрема друг бидете добри, сочувствителни, проштеваjќи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христа".( Eфес.  4 :32)  Во друга прилика за истиот овоj проштален принцип рекол: " И така, како избраници Божjи, свети и возљубени, облечете се во милосрдност, доброта, смиреност, кротост и долготерпеливост. Трпете се еден со друг и проштеваjте се. Ако некоj има поплака на некого, како што Христос ви прости, така и вие направете". (Колосjани. 3: 12)

Овие прекрасни совети на светиот апостол Павле се вистински начин за остварување на хармониjа во односите меѓу христиjаните. Проштевањето пропратено со милосрдност, доброта, смиреност, кротост  и  долготерпеливост се истакнува како христиjански  начин    за надминување на сите  наши конфликти и недоразбирања.  Затоа светиот апостол Павле бара  да се угледаме на Христа и да  го примениме она што Он го применува кон сите луѓе. Треба  широко да ги отвориме вратите  на   нашите   срца и го остраниме од нив сето она што ни  предизвикува терет и мачнотиjа.  Наместо со  горчина и jад,  срцата наши треба да ги исполнеме со доброта, смиреност, кротост и долготерпеливост. Исполнети и украсени со овие христиjански добродетели, ќе можеме многу полесно кога ќе ни згреши некоj наш брат или сестра да му речеме  без поголем проблем и духовна агониjа, ти проштевам. Проштевањето навистина нема алтернатива. Тоа очистува, растеретува, помирува и води кон духовно спокоjство и мир. Затоа човек треба да научи  да го применува често во своjот живот.

 Понекогаш луѓето  чувствуваат  дека немаат  сили тоа да го направат  сами. Чуствуваат дака немаат храброст да ги разрешат сами оние кои им jа имат силно   повредено  душата. Заради тоа,  наместо да побарат помош, обично одуговлечуваат и несвесно  се изложуваат  на ризик,  духот на непростувањето да ги исполни со jад и горчина. Во вакви случаи,  порачуваме луѓето да  бараат помош од свештеник. Спрема нашата вера Свштеникот е тоj коj е оспособен и на коj му е дадено духовно право да ги мири луѓето со Бога, со себе и со ближниот. Неслучаjно Господ Исус Христос на своите апостоли а преку нив и на сите нивни наследници рекол: "Што ќе врзете на земjата ќе биде врзано на небото и што ќе разврзете на земjата ќе биде разврзано на небото". ( Матеj 18:18 ) Во ова смисла,     во сите посериозни ситуации  кога е потребна помош,   треба неодложно да се користат посредништвото и  духовните совети  на свештениците. Свештениците се тие на кои им е дадено право и благодат  од Бога  преку инструментите на светите таjни  да можат да jа  очистат и помират  вашата душа  од навредите на други и да jа растеретат од бремето на сопствените прегрешениjа кон други.

Нашата света црква на разни начини се обидува да овозможи на своите верници да jа исполнуваат прошталната должност.  Меѓу другото,  секогаш пред поклади, пред почетокот на големите пости, пред примање на светите таjни исповед и причест, ги советува своите верни чеда да се покаjат, помират и простат со своите скарани блиски, роднини и приjатели. Овоj обичаj коj во народот е познат како "прочка ", претставува идеална шанса за секого во таквата проштална атмосвера да може да се прости и измири со оние со кои се има замерено. Светата црква  знае  дека човек не може правилно да функционира ако е духовно  оптеретен  и ако постоjано го намалува  кругот на своите приjатели. Затоа  се обидува да ствара можности, верниците почесто да имаат прилики за взаемно проштевање и повторно здружување.

Инаку покраj институциjата на светите таjни, кои специjално се изведуваат од свештеникот, во нашата православна пракса постоjат други начини   преку кои  православниот верник сомоинциjативно  може да jа  мири и успокоjува  своjата душа. Така  наjпрво тоа може да го прави преку учество  во неделните или празничните литургии.  Исто така  може да го користи и православниот молитвеник  коj е полн со молитви во кои провеjува духот                             на проштевањето. Буквално нема молитва во молитвеникот а да не е нагласена потребата од проштевање и помирување со Бога и со ближните. Но ако некоj не може да наjде време  да ги чита и молитвите од молитвеникот, треба бездруго  да научи да jа кажува во себе господната молитва "Оче наш". Оваа прекрасна молитва ни овозможува  секоjдневно дословно да jа исполнуваме нашата проштална должност кон ближните. Прозбата  " прости ни ги нашите гревови како што ние им ги проштеваме на нашите должници ", не обврзува секогаш, во секоjа прилика, без исклучок да ги проштеваме сите прегрешениjа направени кон нас од нашите ближни. Во спротивно оваа иста прозба не потсетува дека Господ ќе постапи исто кон нас во однос на нашите гревови. Ако ние проштеваме и нам Господ ќе но прости. Ако ние не проштеваме, со сигурност и Господ ќе не не држи     и нас одговорни за нашите прегрешениjа. Затоа проштеваjте,  ако сакате  да ви биде простено.

Сите вие, било тоа брачни сопружници, маж и жена,  родители со деца,  браќа и сестри или пак приjатели,  ако се имате замерено едни со други,   веднаш простете си едни на  други. Не дозволуваjте инаетскиот дух на непроштевањето и понатаму да jа држи заробена и обременета вашата душа. Простете,  за да се ослободите од духовната тежина и да му овозможете  на Господ и вам да ви прости.

 "Боже Ти Коj толку  често и љубезно секоjдневно ни простуваш, Ти Коj си ни покажал преку Своjата крстна жртва дака единствено преку проштевањето ќе можиме наjуспешно да го надминиме она што jа терети и обременува нашата душа, Ти се молиме, даj ни духовни сили за да можеме да го простиме и надминиме  она што е направено против нас. Ова го бараме за да имаме мир и спокоjство во душите овде на земjата и живот вечен на небесата. Амин. "

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная