логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Христијанството како искуство на радоста

SHmeman.beseda

Сите ние припаѓаме на православната вера и сите го исповедаме Исус Христос за наш Господ и Бог. Меѓутоа, за некои Христос е само дел од литургиско-обредниот процес, додека за други е мистична интуиција која влече корени преку евхаристиското искуство. Таквите луѓе го гледаат во Христа Јагнето Божјо, кое беше заклано не залудно, туку за живот на светот. Според нивното искуство, токму таков Го гледаат двајца истакнати теолози, чии разлики не ги помируваат само фактот што припаѓаат на православната вера - старец Порфирије Кавсокаливит и протоереј Александар Шмеман.

На прв поглед, се чини дека нема друга поврзаност помеѓу протоереј Александар Шмеман и отец Порфириј Кавсокаливит освен во припадноста на православната вера. Едниот е угледен теолог кој е “случајно” роден во Талин (Естонија) и кој предавал различни теолошки предмети, од Православниот институт „Свети Сергиј“ во Париз до Богословската семинарија „Свети Владимир“ во Америка. Вториот е свет старец со грчко потекло, кој го напуштил домот кога имал 12 години и тајно отпатувал за Света Гора „цврсто посакувајќи да стане како свети Јован Каливит, чие што житие го прочитал во детството и кого особено го љубел“.
И така, што е заедничко помеѓу смирениот послушник од Света Гора Атонска и “богословската труба”, на нивата на духовно умртвената Западна Европа? Како што рековме, не е доволно да се истакне дека врската што ги поврзува била само припадноста на православната вера. Она што го бараме може да се дефинира како идентично искуството на човечката душа која го сретнала својот Младоженец во Личноста на Овоплотениот Бог.

SHmeman.beseda1
           Сите ние припаѓаме на православната вера и сите го исповедаме Исус Христос за наш Господ и Бог, но таа средба има поинакво влијание врз нас. За некои, Христос е само дел од литургиско-обредниот процес: човек доаѓа на богослужба, ги задоволува своите религиозни потреби, можеби и ќе се причести, но потоа го погребува Христос во неговиот потсвесен гроб, за да не му се меша во световните работи. Но потоа жедта за духовно исполнување со Христос повторно воскреснува и таквиот принцип на занемарување на Христос добива форма на „perpetuum mobile“ - Христос од служба на служба.
            Протоереј Александар Шмеман секогаш силно протестираше против претворањето на Црквата во некаков клерикален организам каде функционалната разлика на свештенството од народот добива онтолошки карактер. „Периодот на клерикализмот – слушаме од отец Александар – „т.е. на неделивото владеење во Црквата и над Црковниот клир, кое постепено во главите на мирјаните го воздигна свештеникот во „посебно битие“ кое суштински се разликува од мирјаните“. Неговата евхаристиска визија за светот го вклучуваше верувањето дека целиот свет, целата материја посегнува кон Христос за да биде причасник на Логосот на сета материја. Затоа, тој смело говорел дека христијанството не е религија: „Зашто дури ни религијата не може да го исцели овој отпаднат свет, ниту може да го исправи затоа што таа се согласила да го спушти Бога во царството на „светото“, да го стави во спротивставеност на „профаниот свет“. Религијата, што е многу страшно, се помири со „секуларизмот“, во исто време кога Бог се најде отстранет во сферата на „свештеното“. Религијата се одрекува од светот, го остава светот сам на себе, така што Домостројот на спасението на светот преку жртвата Христова е непотребен и излишен чекор. Религијата е извртен секуларизам, затоа што го бара своето, делејќи го светот на „сакрален “ и „профан“.
Мистичната интуиција, која влече корени во евхаристиското искуство, дозволувала прот. Александар Шмеман да го види во Христа Јагнето Божјо кое не беше залудно заклано, туку за живот на светот. Христос е полнота, а не дел. Тој е полнотата на светот, на човекот, на животот. Тој е полнотата на човечката среќа и на човекот му дава вистинска радост. Затоа, за Шмеман, знакот за пронаоѓање на Христос е постојаната радост.
                  Шмеман тврди дека ранохристијанската заедница се разликувала од нашата современа токму поради тоа што тие секогаш и секаде биле со Христос. „Раните христијани говореле дека Неговото Тело е на престолот затоа што Тој е меѓу нив. Денешните христијани - Христос е тука, бидејќи Неговото Тело е на престолот. Наизглед, едно исто, но всушност се работи за суштинска разлика која го разликува раното христијанство од нашето, разлика која поради нешто не ја знаат, а која поради некоја причина теолозите не ја разбираат. Таму е сè од познавањето на Христос, од љубовта кон Него. Тука пак, од желбата да се „одмаздиме“. Таму, причестувањето со Христос води кон заедништво, а од тоа произлегува и следењето на Христос. Тука Христос, практично „не е потребен“. Тоа се речиси две различни религии. На страниците од неговиот дневник често се среќаваме со жестоки критики за псевдодуховноста и псевдоцрковноста, каде што христијанството добива форма на антагонизам и самозатвореност. Во таква атмосфера Богочовекот е претставен како уплашен и уморен од светот, даден само на „црковните“ луѓе. Зборовите на апостол Павле, кој е гласник на вистинската побожност и вистинска црковност, се соблазна за таквата псевдоцрковна свест: „За сите станав сѐ, та на каков и да било начин да спасам некои од нив “ (1 Кор. 9:22). Тие би сакале апостолот да го каже ова: „За некои бев сè, за да спасам некои“.
                „Само во Црквата е можно да се најде Христовиот лик целосно. Тоа е и работата на богословието - и ништо повеќе. Него потполно го затскриваат и „попот“ и „богословот“. Едниот ја нагласува вечната потреба на човекот за „свештенство“, а другиот го претвора самиот Христос во „проблем“. Шмеман во клерикализмот ја гледа опасноста од остварување на планот на Големиот инквизитор - да го направи Христос непотребен. Тој зборува за опасноста од замена на Христос со „црквата“. „Дојде во Црквата“.... Постои опасност од двосмисленоста на овој израз. Можно е да се дојде во Црквата поради илјада причини, од кои многу не се сосема позитивни, па дури и опасни. Неопходно е да се „дојде кај Христа“. Павле се обратил кон Христос, а не кон „црквата“ и затоа за него Црквата беше само свет живот со Христа и во Христа. Но, таа растеше, растеше и во историјата израсна „Црквата“ сама по себе, која е можно да се сака (дури и „заљубено“), кон која може да се обраќаме, која може да се живее, но одвоено од Христа. ...“.


    STAREC.PORFIRIJ         

            И старец Порфириј живееше со Христа, и со Него се радуваше. За него исто како и за прот. Александар Шмеман беше чудно прифаќањето на Христос преку некои безживотни правила кои функционираат на механички начин. Како да е можно фабрички да се произведе Христос. „Блажениот старец“ – говореше игуманијата Теоксенија – „го пројави живото присуство на Христос“. Топлата љубов кон Христос ја опфати целата негова душа, сите негови мисли и сета негова личност до тој степен што можеше без двоумење заедно со апостол Павле да каже: „Веќе не живеам јас, туку Христос живее во мене“ (Гал. 2: 20 ), фраза што старецот сакаше да ја повторува“. Во книгата „Старец Порфириј Кавсокаливит - Живот и зборови“ наоѓаме многу интересен дијалог за Исусовата молитва. Самиот старец Порфириј сведочи дека еднаш дошол кај него еден монах и го прашал како ја практикува оваа молитва. При тоа монахот почнал да ги набројува сите неопходни правила за успешна молитва: „седнуваш на мало, ниско столче, ја спушташ главата и се концентрираш“. Но, колку се зачудил тој монах кога ги слушнал овие зборови: „О не. Во умот ги кажувам зборовите Господи Исусе Христе... зборувам јасно и внимателно ги следам зборовите. Господи Исусе Христе, помилуј ме... Господи Исусе... Тоа го правам во мојот ум, и внимавам на моите зборови. Кога монахот слушнал дека старецот не го спушта умот во срцето, му рекол на старецот Порфириј дека се наоѓа во прелест. Но, старецот Порфириј сепак успеал да објасни дека не е во состојба на прелест. Еве како тој самиот зборува за тоа:

STAREC.PORFIRIJ1


- Оче - му реков - слушај што ќе ти кажам. Кога ја произнесувам молитвата во мојот ум, понекогаш радоста се зголемува и кога радоста ми се зголемува поради зборовите Господи Исусе Христе... чувствувам дека умот радосно танцува заедно со срцето. Односно, чувствувам како умот се спушта во срцето и таму ја чувствувам сета таа радост кога ја кажувам молитвата. Започнувам да го затварам умот во зборовите на молитвата и потоа самиот ум влегува таму кога ќе дојде радоста.
- Па, така треба и да биде! - ми вели.
- Простете што ви реков „прелест“.
Кај него често наоѓаме вакви зборови: „Молитвата нека не биде принуда“. Притисокот може да предизвика внатрешно противење кај нас и да донесе проблеми. Многумина кои се молат со притисок се разболеле.. Не користете вештачки методи. Нема потреба да се концентрираме на некој посебен начин за да се молиме. На крајот, старецот укажува на она што е суштината на вистинската молитва, на она што претставува сол на молитвата: „Сè се состои во љубовта кон Христа. Ако твојата душа ги повторува овие пет зборови со љубов: Господи Исусе Христе, помилуј ме - тогаш нема да знае ситост. Ова се ненаситни зборови!“
Соединувајќи се со Христа во Светата Тајна Евхаристија, тој тоа не го правеше за да исполни некој религиозен инстинкт, да го исполни црковното правило за често причестување и присуство на црковните богослужби. Тој го правеше тоа затоа што Христос за него беше сè, тој ја чувствуваше таа Божествена љубов на Јагнето Божјо која секогаш сака да биде не само до човекот туку и внатре во него, која сака да ја сочинува целата негова суштина. Тој беше толку проникнат со Божјата милосрдна љубов што ја разбра Христовата жед да се соедини со нас, на таков начин што не знаеме каде започнува Божественото во нас, а каде завршува нашето човечко. Не станува збор за мешање на природи, за христолошки пантеизам затоа што нашата природа не исчезнува со Христа, она што е наше битие не оди никаде, бидејќи Христос не е крадец. „ Крадецот доаѓа само да украде, да убие и да погуби. Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат во изобилие “ (Јн. 10, 10).
             Вака старецот ја започнува една од своите химни посветени на Христа - „Го љубиме Христа затоа што Тој е нашата единствена надеж и грижа“. Го љубиме Христа само заради Него. Никогаш заради себеси. Нека нè води каде што сака. Нека ни го дарува она што Самиот смета дека ни е потребно. Нема да Го сакаме поради Неговите дарови. Вака говори егоизмот: Христос ќе ме смести во најубавата обител што ја има... Вака правилно треба да говориме: „Христе мој, нека биде како што сака твојата љубов, само јас да сум во таа љубов“. Какви зборови, каква химна на душата што го сакаше својот Младоженец. И како што невестата која многу го сака својот сопруг не се грижи за домот во кој ќе живеат, туку се предава на својот избраник, така и душата на преподобниот е ослободена од секаков трансцендентен егоизам, од сметање на есхатолошки среќа и добивка во задгробниот живот, но се грижи само за едно, она што е „единствено корисно“ (Лк. 11,42).
Старецот Порфириј живеел со Христос и го гледал Христос насекаде: „Ако си заљубен, можеш да живееш во Омонија и да не знаеш дека си во Омонија, да не гледаш ниту автомобили, ниту луѓе, ништо“. Ти си со твојата сакана. Живееш со нејзе, уживаш, те инспирира. Зарем не е така? Сега замислете дека оној што го сакате е Христос. Христос во твојот ум, Христос во твоето срце, Христос во твоето битие, Христос насекаде“.
Потоа, за да не мислиме дека старецот поседува некој апстрактен христолошки романтизам, тој ја врти Светлината на Христовата љубов кон ближните. Од ова може да се заклучи дека не постои посебен христолошки романтизам, како што нема посебен хуманистички морал, туку има морал во Христа. „Кој го љуби Христос и другите луѓе“, - вели старецот во оваа прилика, - „живее целосно“. Животот без Христос е смрт, тоа е пекол, а не живот. Пеколот е отсуство на љубов. Христос е живот. Љубовта е животот на Христос“.
Преку триаголникот Христос, Црквата и ближниот, тој го прикажува движењето на љубовта. „Да имаме една цел – љубов кон Христос, кон Црквата и кон ближниот. Љубовта, служењето на Бога, радоста, единството со Христа и Црквата е рај на земјата. Љубовта кон Христа е и љубов кон ближните, кон сите, дури и кон непријателите. Христијанинот се грижи за сите, сака сите да се спасат, секој да го вкуси Царството Божјо. Еве каде е христијанството: преку љубовта кон својот брат да ја достигнеш љубовта кон Бога... Божествената благодат доаѓа преку твојот брат“. Старецот Порфириј сакал да повторува дека ако некој сака да стане христијанин, прво мора да стане поет, имајќи ја на ум состојбата на душата која е обземена од љубовта кон Христа. Срцето на поетот е ослободено од сите теории за пресметка на профитот. „Груби души“, вели старецот, „Христос не сака покрај Себе... Срцата на поетите се длабоко проникнати од љубовта, ја сместуваат во себе, ја прегрнуваат и длабоко ја чувствуваат“.
Колку ќе ни биде тешко на нас свештениците на Страшниот суд кога Христос ќе ни проговори: „Зошто срцето што ви го дадов да ги сакате сите луѓе и сета материја го претворивте во чисто физиолошки орган кој само го одржува вашиот живот?“ Зошто чукаше само за тебе, и за твоите световни потреби?“ Срцето, како еден од главните органи на нашиот биолошки живот, е дар од Бога. И пак, тој Божји дар, кој е примен талант, треба да се умножи т.е. секој од нас треба преку борбата со своето грешно „јас“, со сопствениот егоизам, своето срце да го претвори во живеалиште и дом за ближните.
Животот за себе треба да се претвори во живот за другите. Токму ова е целото значење на Господовата приказна за талантите. Примените таланти, без разлика дали се работи за еден, пет или десет, го претставуваат нашето срце, односно земното битие. Скриениот и неискористен талант го претставува нашето постоење кое е затворено во стариот човек. На Христос не му треба нашето срце како орган, т.е. „старец кој гние во телесните похоти“, но срцето како морален извор со своите плодови: „Еве ме мене и децата што ми ги даде Бог“ (Евреите 2, 13).
За овие и вакви плодови, за новиот човек создаден според Бога (Еф. 4, 24), сведочеа со својот живот и богословие тие двајца слуги на Божествената љубов што ни засветија во Богочовекот Христос, протоереј Александар Шмеман и преподобниот Порфириј Кавсокалевит.

Vladimir.Palibrk


Автор: монах Владимир Палибрк

Извор – Пријатељбожји
За Преминпортал Симеон Стефковски

 

Април 2023 лето Господово

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3212
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная