...Може да не поминат ни четири дена, а ние сами во себе Го распнуваме Господа, иако не велиме на другите: „Распни го!“ И сето тоа Господ го гледа и трпи! Слава на Твоето долготрпение, Господи!
Светите апостоли Петар и Јован Богослов од почеток проповедале во околината на Ерусалим. Кога биле во гратчето Лида, обрнале многумина кон Христа и основале црква, посветена на Пресвета Богородица. Во тоа време за црквата настапил мир, што било поволно за градењето на храмот. А кога се вратиле во Ерусалим, апостолите ја помолиле Пречистата да ја посети Лида,