логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

patrick_shamrock_0

 

Житие на светиот Патрик Ирски, рамноапостолен, просветител на Ирска


Светиот Патрик е роден во Ирска околу 385 година, син на Калпурниус, Римски даночник. Тој живел во селото Банавем Таверние, место кое се лоцира во устата на Северната река во Велс . Ова место е опустошено од пирати кога Патрик имал 16 години, и тој бил еден од грабнатите. Тој бил донесен во Ирска и продаден како роб, каде работел како одгледувач на свињи. За време на оваа негова работа, тој убаво го научил ирскиот јазик, нешто кое подоцна ќе му помогне во неговата просветителска мисија. Постојано се молел на планината и живеел таму шест години. За тоа време имал две визии. Едната му велела да се врати дома, а втората, дека неговиот брод го очекува. Патрик решава и пеш поминува две илјади милји до брегот каде се враќа во родната Британија, кај неговите родители. По некое време тој заминал во Галија, каде учел теологија од свети Герман. Гледајќи ја неговата вера, црквата го назначува за епископ и го праќа на мисија во Ирска, како наследник на светиот Паладиј. Светиот Паладиј немал многу успех како проповедник во Ирска. По една година заминал за Шкотска, каде сонувал сон, како ангел доаѓа при него, носејќи му многу писма. Бирајќи едно, тој слушнал глас на ирски како му вели: „дојди и помогни ни“. Сличноста на овој повик нас многу ни е блиска (доаѓањето на св. ап. Павле во Македонија, видението во Троада) .
Иако Светиот Патрик имал извонредни резултати во ширењето на Евангелието, тој не е првиот мисионер во Ирска. Тој дошол негде околу 432 година , кога починал светиот Паладиј. Имало и други мисионери кои биле активни на јужниот брег, но светиот Патрик имал најголемо влијание и успех во проповедањето на Евангелието на Христа. Затоа е познат како „Просветител на Ирска“.
Неговата автобиографска „ Исповед“ , кажува за сите судови и разочарувања што тој ги поминал. Светиот Патрик еднаш му кажал на близок пријател за еден грев што постојано го мачел, кој го направил кога имал петтнаесет години. Пријателот му спомнал за Божјата милост и дури го поддржал за епископ. Подоцна, тој се свртел против него и го открил тоа што светиот Патрик му го доверил. Многу години подоцна, светиот Патрик плачел за својот драг пријател, кој јавно го посрамотил.
Светиот Патрик основал многу цркви и манастири низ цела Ирска, но покрстувањето на ирците не била лесна задача. Имало многу непријателство, и самиот тој бил нападнат неколку пати. Се соочил со опасност, навреди и го гледале како бегалец и поранешен роб. Имало голема веројатност и дека паганите би го убиле. И покрај ова останал верен на Христа, покрстувајќи многу ирци.
Во неговиот „Оклоп“(Лорика), ја гледаме свесноста на светиот Патрик за неговиот повик од Бога и неговата скромност во прифаќањето на овој повик. Самиот се нарекува „грешник“ и некој, кој е „угнетен од мнозина“. Својот успех го препишува на Бога, повеќе отколку на своите таленти „ова го должам на Божјата благодат, та преку мене мнозина други да се родат во Него“. Во времето кога го основал епископатот во Армаг , во 444 година, светиот Патрик имал и други епископи што му помагале, домородно свештенство и ѓаконство, потпомагајќи го растот на монаштвото.
На фреските светиот Патрик се слика со детелинка, или како змиите бегаат од него. Тој ја користел детелината за сликовито да им ја прикаже на ирците, тајната за Света Троица. Од едно стебленце растат три ливчиња, една суштина во три лица .
Светиот Патрик починал на 17 Март, 461 (некои велат 492). Никој не знае каде светиот Патрик е погребан .

ПРОБЛЕМОТ НА СВЕТОСТА?
Интересно е што Патрик не е канонизиран за светител, ниту од Западната црква, ниту од Источната црква. Проблемот не можеме да го препишеме на никого, можеби дека неговите мошти останале непронајдени. Писателот Кен Конканон вели: „ Порано немало формална канонизација, посебно во првите векови. Во раната црква, титулата светител припаѓала на мачениците, а потоа на индивидуи препознати од традицијата и од народот како свети“.
Ретко кој Ирски светител, вклучувајќи го и Патрик, да биде формално канонизиран, освен еден. Исклучокот е Фергал, познат како свети Виргилиј од Салзбург, во 8 век, кој е канонизиран за светител во 1233 година од папата Грегориј IX. Свети Виргил е еден од четирите ирски светители кој е канонизиран во Рим.
Немало формален процес на канонизација во времето кога умрел светиот Патрик. Тој е прогласен за светител од населението, секако со согласност на епископ. Официјалниот процес на канонизација нам ни е познат дури во 12 век. Да не заборавиме дека канонизацијата е само на хартија. Народот е тој кој го препознава светителот и Црквата е таа која го прифаќа. Мерка за светост нема! Онаа мисија која ја завршил светиот Патрик, во времето кога светата Црква е неподелена, го прави рамноапостолен.
Светиот Патрик е оној кој се борел и против робовладетелството уште во тоа време.
Светителот најмногу се слави во Ирска и Соединетите Американски Држави. Датумот на неговото прославување е 17 Март.

Тропар гл. 1
Чедо на Британија, На Ирска пофалба, На Единосушната Троица Громогласниот проповедник Патрик да го прославиме, верни, Великиот јерарх Христов. Зашто тој се моли за простување на гревовите, На оние кои благоговејно повикуваат: Слава на Оној кој ти даде сила, Слава на Оној кој те овенчал, Слава на Оној кој преку тебе им дава На сите исцеленија.

Тропар гл. 3
Со учењето на Божествената вера, Си ја просветил Ирска и прелеста на идолите си ја разрушил, Подражајќи ù на ревноста на апостолите, Чудотворче Свештеноначалниче Патриче. Отче Преподобне, Христа Бога моли Го, Да им подари на душите наши голема милост.

Кондак гл. 8 (подобен Возбраној)
Пресветлиот просветител на Ирска и рамносилниот подражател на Апостолите, Ние кои се собравме радосно, да го воспееме: Ти, кој си добил смелост пред Господа, Моли се, да се ослободат од секакви маки Оние, кои ти повикуваат: Радувај се, отче Патриче.

Во приложение ви ја доставуваме црковното последование кон св. Патрик Ирски:

Служба на св. Патрик Ирски – мк превод

Подготвил: теолог Стефан Цветановски
st. Patrick's day

+++

Штитот на св. Патрик: Молитвата на Еленот

elen

 17/03/2015   Поуки - совети

I arise today
Through a mighty strength, the invocation of the Trinity,
Through a belief in the Threeness,
Through confession of the Oneness
Of the Creator of creation.

I arise today
Through the strength of Christ’s birth and His baptism,
Through the strength of His crucifixion and His burial,
Through the strength of His resurrection and His ascension,
Through the strength of His descent for the judgment of doom.

I arise today
Through the strength of the love of cherubim,
In obedience of angels,
In service of archangels,
In the hope of resurrection to meet with reward,
In the prayers of patriarchs,
In preachings of the apostles,
In faiths of confessors,
In innocence of virgins,
In deeds of righteous men.

I arise today
Through the strength of heaven;
Light of the sun,
Splendor of fire,
Speed of lightning,
Swiftness of the wind,
Depth of the sea,
Stability of the earth,
Firmness of the rock.

I arise today
Through God’s strength to pilot me;
God’s might to uphold me,
God’s wisdom to guide me,
God’s eye to look before me,
God’s ear to hear me,
God’s word to speak for me,
God’s hand to guard me,
God’s way to lie before me,
God’s shield to protect me,
God’s hosts to save me
From snares of the devil,
From temptations of vices,
From every one who desires me ill,
Afar and anear,
Alone or in a mulitude.

I summon today all these powers between me and evil,
Against every cruel merciless power that opposes my body and soul,
Against incantations of false prophets,
Against black laws of pagandom,
Against false laws of heretics,
Against craft of idolatry,
Against spells of women and smiths and wizards,
Against every knowledge that corrupts man’s body and soul.
Christ shield me today
Against poison, against burning,
Against drowning, against wounding,
So that reward may come to me in abundance.

Christ with me, Christ before me, Christ behind me,
Christ in me, Christ beneath me, Christ above me,
Christ on my right, Christ on my left,
Christ when I lie down, Christ when I sit down,
Christ in the heart of every man who thinks of me,
Christ in the mouth of every man who speaks of me,
Christ in the eye that sees me,
Christ in the ear that hears me.

I arise today
Through a mighty strength, the invocation of the Trinity,
Through a belief in the Threeness,
Through a confession of the Oneness
Of the Creator of creation

St. Patrick (ca. 377)

 

https://www.youtube.com/watch?v=JmDBNUyGa08



Химната на св. Патрик: Молитвата на еленот

Станувам денес со голема сила,
Повикувајќи кон Троицата,
верувајќи во Троичноста,
исповедувајќи го Единството
на Творецот на сета твар.

Станувам денес
со силата на Христос и Неговото Крштение,
со силата на Неговото Распетие и Погребение,
со силата на Неговото Воскресение и Вознесение,
со Силата на Неговото пришествие на последниот Суд.

Станувам денес,
во љубовта на Херувимите,
во послушанието на Ангелите,
во службата на Архангелите,
во надежта на наградата на воскресението,
во молитвите на Патријарсите,
во проповедта на Апостолите,
во верата на Исповедниците,
во непорочноста на Девствениците,
во делата на ПРаведниците.

Станувам денес,
во силата на Небото,
светлината на Сонцето,
Сјајот на Месецот,
славата на Огнот,
брзината на Молњата,
поривот на Ветрот,
длабочината на морето,
постојаноста на Земјата,
крепоста на Каменот.

Станувам денес,
со Божјата сила, која ме води,
со Божјата моќ, која ме поткрепува,
со Божјата мудорст, која ме упатувам,
со Божјото око, кое ме запазува,
со Божјото уво, кое ме слуша,
со Божјото слово, кое ми зборува,
со Божјата дланка, која ме чува,
со Божјиот пат, кој ми претстои мене,
со Божјиот штит, кој ме заштитува,
Божјото воинство, кое ме сочувува
од демонските замки,
од скверни искушенија,
од похотите на природата,
од сите кои ми посакуваат зло,
далечни и блиски,
единствени и разделени.

Ги призивам сега,
сите тие сили да ме заштитат
од се, што без милост се крева
против мојата душа и тело,
од клетвите на лажните пророци,
од злобните совети на јазичниците,
од измамата на идолопоклонството,
од злобното магеспништво,
од тоа знаење, што ги погубува душата и телото.

Христос ме заштитува
од јадот и огнот,
од потопи и рани
за да ми подари богатство во изобилие.

Христос е со мене,
Христос е пред мене, Христос е зад мене,
Христос е во мене, под и над мене,
Христос е оддесно, Христос е одлево,
Каде што лежам, каде што стојам и седам,
Христос е во срцата на оние што мислат за мене,
Христос е во устата на оние што зборуваат за мене,
Христос е во очите на оние кои ме гледаат,
Христос е во ушите на оние кои ме слушаат.

Станувам денес со големата сила
на повикувањето кон Троица,
со вера во Троичноста, исповедање на Единството,
на Творецот на сета твар.
Спасението е од Господ.
Спасението е од Господ.
Спасението е од Христос.
Спасението Твое, Господи,
секогаш да биде со нас.
Амин!

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная