Овој преблажен маченик Христов од младоста израсна како лоза доброплодна, која со духовна сладост ги напојува сите, а разумот му процвета како благомирисен крин, кој со љубов ги влече сите кон Христовата вера. Украсен со извонредната добрина Христова, со убавината на лицето ..
Свети Јован Дамаскин: Доказ дека Бог постои
Како што веќе кажавме, знаењето дека Бог постои е всадено во нас природно. Но, бидејќи омразата на лукавиот спрема човекот станала толку голема што некои од луѓето ги одвлекла во најнеразумната и најстрашна бездна на пропаста – дотаму да тврдат дека Бог не постои – та поради нивното безумие толкувачот на Божествените слова, Давид, морал да напише; Рече безумниот во срцето свое: „Нема Бог“ (Псалм 14:1),