Свети Диносиј Ареопагит ја опишува безмерната радост и болскањето однадвор и однатре и неописливата благопријатност што тој ја осетил во присуството на св. Богородица кога ја посетил во Ерусалим. Во своето воодуштевување тој вели дека кога не би Го познавал единствениот вистински Бог, тој неа, света Дева Марија, би ја признал за Бог. Таков силен и необичен впечаток оставала на луѓето света Дева уште за време на својот телесен живот на земјата.
Неспоредливо поголема сила и слава, пак, таа добива по нејзината телесна смрт, кога, по волјата Божја, е возвишена над ангелските сили. Нејзината сила доаѓа од непрестајните молитви кон Бога за верниците, за сите оние кои нејзе ѝ се обраќаат за помош.
Св. Јован Новгородски кога со народот ѝ се молел за помош против непријателската војска, познал дека и таа во тој час со солзи се молела на Господа за нив. И Новгород бил чудесно спасен. Како што била ранлива кон распнатиот свој Син, така е св. Пречиста ранлива кон сите неволни, кои и се обраќаат нејзе за помош. Може да се каже дека целата земја е покриена со чудата на нејзината милост.
Во Белград и денес живее еден кафеџија ЦЈ. родум од селото Лабуништа, кај Струга, кого мајката како слеп го довела во Калишкиот манастир, каде што по молитвата на свештеникот над него пред иконата на св. Богородица, повторно прогледал.
Првиот инок во Почаево видел огнен столб од земјата до небото и во тој огнен столб ја видел св. Богородица. Таа стоела на еден камен и на тоа место каде што таа стоела, се отворил извор со лековита вода што и денес им номага на многумина болни.
Свети Николај Велимировиќ
фб Православен Источник - Pravoslaven Istocnik