Дали во православната практика постои термин духовна мајка ?
Прашање од Нена: Вас благослов отци,
Ве молам ако може да ми одговорите на следново прашање:Дали во православната практика постои термин духовна мајка? Имено дали можам да се исповедам на жена,монахинја, каков е ставот на Црквата за тоа? Почнав да постам од 2001 г.од Богородичниот пост, до сега само се имам исповедано групно(пред Причеста свештеникот ни каже да повтараме по него и ние сите заедно на глас повтараме молитва) и потоа ни даде Причест.Значи лично до сега немам пристапено на исповед а носам тежина како планина. Пред две год.моја комшивка се замонаши и со таа жена имам многу пријатни искуства , ми даваше книги од животите на некои светци, кога полагав испит една книга ја носев во црквата во која помагаше таа и после четири пати полагање , конечно положив и знам дека нејзините молитви помогнаа ...Сега е во еден манастир , има друго име, но усте поблиска ми е и знам дека нема да ме осуди за теските гревови кои ги стори мојата душа.Сега и покрај тоа што постам , чувствувам тежина околу срцето и нема да пристапам кон Светите леб и вино ,Телото и Крвта на насиот Господ ако не се исповедам некому.А мислам на длабока искрена исповед, лична и тајна, знана само на мене и духовникот.Може ли да добијам одговор до Нова година за да знам како да постапам.Многу сум ви благодарна на вашиот труд што ова го правите и фала на Бога што интернетот служи и за убави работи како оваа што е.
Нека ви помогне нашиот Господ Исус Христос во она што го работите за народот наш македонски
Нена