Одговор: Молитвата дали ќе ја изговарате, на глас или во себе, најполезно е да побарате благослов од свештено лице, или духовникот. Под нивна закрила најбезбедно ќе вооспоставите рамнотежа, помеѓу сопствените можности и духовениот растеж.
Повелете, прочитајте ја поуката на старец Јисиф Спилео, која поучива, за нашиот однос кон Господ Исус Христос
Старец Јосиф Спилеот
Послушанието во себе содржи се. Христос во секој миг ќе ти плете венци. Но, за да се развива внатрешниот човек, за да се смират страстите и за да се расцвета плодот на твоите добри дела, потребно е сѐ да прати постојана и непрестајна умна молитва. Кога работиш, со усните или со умот непрестајно кажувај ја молитвата. Кога непрестајно ќе ја изговараш со усните, умот ќе се навикне да ја изговара со внатрешното слово. Потоа, пак, умот ќе ја спушти во срцето, а тоа што понатаму се случува е напор и дело на трезвеноумието: тоа значи дека умот со присилба се задржува таму чист и без облик, внимавајќи единствено на кружното движење на молитвата внатре во срцето преку вдишувањето и издишувањето. Бидејќи умот не успева да вообличи ниту една помисла на расеаност, со текот на времето се очистува со благодатта на молитвата. Повеќе не наоѓа задоволство во злите сеќавања и не сака да остане потполно беспослен. Напротив, целиот е разгорен од сеќавањето на Божественото Име и од љубовта кон Спасителот Христос.