Одговор:
Во Православната Црква има пракса нашата внатрешна духовна состојба да ја споделуваме со наши брака и сестри кои имаат искуство од духовната борба и живот, во тој контекст и монаси и монахињи (Јаков.5, 16), но за разлика од споделувањето (отварање на душата) светотаинска исповед (Света тајна исповед) може да изврши само канонски ракоположен епископ или презвитер.
презвитер Ивица Тодоров