Прашање од Е..
Поздрав до сите, имам едно прашање.
Ми се најавија гости од Република Хрватска кои сакаат да го посетат манастирот Св.Преобразение во Крушево...е сега тоа што ме интересира мене а воедно нив е дали треба некако претходно да се припремат за Литургијата,која ќе се одрзи таму....дали треба да научат некоја молитва која ќе се изговара или нешто слично.....ве молам да ми пишете за се што мислите дека ќе биде потребно.
Одговор:
Почитувана Ели,
Ако гостите од Хрватска се католици по вероисповед, тогаш најмногу што е дозволено е да присуствуваат на Литургијата без да земаат активно учество во неа,што знаци дека не можат да се причестат со Светите Тајни, ниту пак треба да читаат молитви со останатите.