Околу 330 год. после Христа, свети Макариј Египетски се населил во еден скит. Полека-полека, околу св. Макариј се собрале илјадници монаси кои ги прифаќале неговите совети и зборови. Но, и многу мирјани од целиот Египет доаѓале кај овој Божји светител, за да примат плод од неговата љубов. Неговата слава се распространила по целата земја. Еден ден, во монашкото село дошле некои поклоници за да го видат авва Макариј.
...Може да не поминат ни четири дена, а ние сами во себе Го распнуваме Господа, иако не велиме на другите: „Распни го!“ И сето тоа Господ го гледа и трпи! Слава на Твоето долготрпение, Господи!