Благодатта Божја дава сила да го љубиме Љубениот. Душата непрестајно прибегнува кон молитвата и ни за момент не може да го заборави Господа.
Човекољубив Господи, како е можно да не си го заборавил Својот грешен слуга, туку милостиво погледа на мене од висината на Својата слава и на несфатлив начин ми се јави?
Јас секогаш Те ожалостував и оскрбував, а ти Господи, за мое мало обраќање ми даде да ја спознаам Твојата голема љубов и неизмерна доброта.
Твојот тивок и кроток поглед ја привлече душата моја.
Со што да ти возвратам Господи? Каква благодарење да Ти запеам?
Ти ја даваш благодатта Своја да душата непрестано гори од љубовта и ни ден, ни ноќ не знае за покој од Твојата љубов.
Сеќавањето на Тебе ја грее душата моја и таа во ништо не наоѓа мир на замјата, освен во Тебе. Поради тоа со солзи Те барам и повторно губам и повторно мојот ум сака да се насладува со Тебе. Меѓутоа, Ти не го покажуваш Своето Лице, иако за него и дење и ноќе копнее душата моја.
Господи, дај ми единствено Тебе да Те љубам.
Ти ме создаде, Ти со светото крштевање ме просвети. Ти ми опростуваш гревови и даваш да се причестувам со Твоето Тело и Крв. Дај ми сила секогаш да пребивам во Тебе.
Господи, дај ми Адамово покајание и дај ми го светото смирение Свое.
Тагува душата моја на земјата и копнее за небесата.
Господ дошол на земјата да би не вознел онаму каде што пребива Тој, Неговата Пречиста Мајка која што на земјата му послужила за наше спасение, каде што пребиваат Неговите ученици и следбеници.
Господ не вика таму, без оглед на нашите гревови.
Таму ќе ги видиме светите апостоли, кои што се во слава поради проповедањето на Евангелието. Таму ќе ги видиме пророците и светителите, учителите на Црквата и преподобните кои што со воздржување ја слирувале својата душа. Таму се прославуваат јуродивите заради Христа, затоа што го победиле светот.
Таму ќе бидат прославени сите оние кои се победиле себеси, кои што се молеле за сите луѓе и ги носеле на себе невољите и патењата на целиот свет, бидејќи ја имале во себе Христовата љубов, а љубовта неможе да поднесе макар и една единствена душа да пропадне.
Таму сака да се всели човековата душа. Но, тука неможе да влезе ништо нечисто. Тука се влегува со скрушен дух, низ големи страдања и многу солзи. Таму безболно влегуваат единствено децата кои ја сочувале благодатта од Светото Крштение. Таму, таа со Духот Свет ќе го спознае Господа.
(Продолжува)
Подготви: Даниел Илиевски