логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Отец Василиј Чудотворец
Јули 17, 2012

ПОдвижник на молитва
Во Кападокија, родителката на многу светители, се роди, живееше и се упокои попот Василиј. Според сведоштвата на неговите современици се родил во Конџук или Голџик (Лимна) кој се наоѓа 65 километри југо-југозападно од Кесарија, па затоа го нарекоа поп Василиј Конџиклис, за да го разликуваат од другите кои го имаа истото име.

Василиј Конџиклис ја зема за жена Султана од селото Сармусакли (Хаминтие). Им се родија четири момчиња и повеќе девојчиња.

Василиј, пред да стане свештеник, живееше извесен период со подвижниците кои живееја во неговото место, од кои научи да пости строго и да се моли многу. Тоа го запазуваше во неговото понатамошно свештеничко служење.

Имајќи вроден призив за свештенство, беше ракоположен за свештеник околу 1830 година во селото Цат, најсеверното од грчките села во Кападокија, преку реката Али. Во тоа село живееја заедно Роми, Турци и Ерменци. По геноцидот на Ерменците во 1915 година и населувањето на Черкезите во куќите на Ерменците, Ромите принудени избегаа од селото и се населија во турско-грчкото село Таслик, 31 километар јужно од Цат.

Попот Василиј имаше страв Божји, побожност, голема вера и посветеност кон неговата свештеничка служба. Од Бога доби дар да лечи болни и гласот за него се прошири низ цела Кападокија. Кај него трчаа христијани и Турци за да се лечат.

Во соседните планини на Понт живееше некој свет пустиножител чиешто име не се сочува. Една ноќ му се појави ангел Господов и му рече: „Дојде времето да се одмориш од твојот подвижнички труд. Господ те вика кај Него. На Велики Петок вечерта ќе дојдеш во Рајот. Да се подготвиш и да се причестиш со Непорочните Таинства три недели по ред“. Пустиножителот, штом се увери дека навистина е вистински ангел Божји, а не демонска прелест, направи како што му укажа ангелот и отиде кај поп Василиј, парохискиот свештеник во Цат. Му раскажа сè што се беше случило и побара Света Причест. И навистина поп Василиј го причести. Пустиникот му рече дека пак ќе дојде наредната недела да се причести.

Поп Василиј сакајќи да ја испита светоста на пустиникот, вечерта во неделата кога го чекаше, ги замандали портите и ги остави одврзани кучињата. Штотуку се стемни се појави светиот подвижник и веднаш сами од себе се отворија пред него замандалените порти; кучињата, пак, ниту залајаа, ниту се поместија од своите места.

Поп Василиј кој го чекаше, го праша со чудење како се отвориле вратите. „За нас клучевите немаат сила. Да одиме во црква за да ме причестиш“ – му рече. Штом го причести, го праша: „Светителу Божји, кажи ни, каде живееш, за да дојдеме и да се погрижиме за твојот гроб?“

„Нема потреба“, – му одговори подвижникот. „Има лавови Божји кои ќе дојдат и ќе ни ископаат гроб“.

„Што јадете вие?“- го праша поп Василиј.

„Манна од небото ни испраќа Бог и нè храни“.

„Кога ќе дојдеш наредниот пат, донеси и едно парче како нафора за да го имаме и ние благословот Божји, како и една од книгите кои ги читате, да ја имам за спомен во овој лажен свет.

Наредната недела пак дошол светиот пустиножител. Го причестил за последен пат поп Василиј и пред да се разделат му го дал пустиникот парчето храна велејќи му: „Земи го ова парче манна: да го изедеш едното парче а другото да го ставиш во твојот амбар, за да го има благословот Божји, да биде секогаш полн со богатства и никогаш да не недостасува леб од твојот дом“. Потоа извадил од градите една книга со кожени корици и давајќи му ја на поп Василиј, му рекол. „Земи ја оваа книга, и кои ќе ги сврзеш, ќе бидат сврзани, кои ќе ги разврзеш ќе бидат разврзани“.

Заедно со неа пустиникот му даде и благослов и на тој начин го направи наследник на неговите дарови кои му ги имаше дадено Бог, и оттогаш не се појави повторно.

Сето ова се прочу низ околните грчки христијански села во околината. Подоцна го поканија поп Василиј во селото Таслик, во кое веќе се беа преселиле и христијаните од Цат, за да биде парохиски свештеник таму, и поп Василиј ја прифати нивната молба. Таслик се наоѓа понатаму од реката Али и е оддалечен 57, 5 километри североисточно од Кесарија. Во 1924 год. имаше 154 семејства, број на жители – 775 души, кои зборуваа турски.

Во Таслик активноста на поп Василиј стана поголема. Одеше каде што го повикуваа измачените луѓе и им помагаше со дарот што му го даде Бог. Наутро и навечер служеше во црквата, додека преку ден ги примаше сите кои имаа некоја болка во својот дом и ги лечеше.

Пари не примаше за лечењето. Остануваше сиромашен и несреброљубив. Сострадуваше со страдалниците и често пати плачеше за несреќните луѓе. Самиот тој доби рана на ногата, за која се грижеше неговата снаа Деспина. Заради раната тој малку кривеше и затоа го нарекоа некои на турски Топал-кеис (куц поп).

Во една година, додека во Таслик врнеше, во соседните села имаше голема суша. Почнаа житните полиња и дрвата да се сушат поради недостатокот од вода. Тогаш жителите од околината се сетија дека од тоа зло само поп Василиј може да ги избави. Направија совет, отидоа и го замолија да дојде и да им помогне. Отиде со нив и му се обрати на насобраниот народ кој го чекаше, да го следат сите до еден мал рид за да се помолат да им го испрати Бог посакуваниот дожд. Штотуку стасаа на височинката им рече да клекнат на колена сите и тој ги читаше молитвите. По кратко време почнаа да се појавуваат на небото првите облаци, да паѓаат првите капки и потоа врнеше добро подолго време.

Еден ден поп Василиј седеше со старите луѓе на терасата од неговата двоспратна куќа и разговараа. Одеднаш им рече: „Погледнете кон Аас Пунар (Бела чешма, бела вода). Го гледате Турчинот седнат на магаре? Тој е сиромашен, измачен, болен и доаѓа кај мене да му читам молитва бидејќи страда. Во пазувите носи четириесет лепти (еден грош) за да ми даде како надомест за молитвата што ќе му ја читам“. Старците се изненадија, се погледнаа меѓу себе и рекоа: „Ако е така, поп Василиј, како што велиш, и го знаеш сето тоа, тогаш ти си светител!“

Со љубопитство чекаа да дојде Турчинот. Кога дојде ги поздрави правејќи им темене (поклон) до земја.

Попот Василиј го отпоздрави и го праша, што сака. Одговори: „Ох, ефенди попе, од далеку доаѓам, голем зорт (мака) имам. Многу болки имам. Не можам да спијам ниту ноќе ниту дење. Дојдов да ми прочиташ молитва од светиот „китап“ (книга) што го имаш, можеби ќе најдам иљач за мене“.

Попот Василиј му прочита молитва и веднаш му престанаа болките. Од благодарност извади од пазувите 40 лепти и му ги даде на попот, кон когошто постојано кажуваше благослови и благодарности.

„Што е ова, златен“, – го праша попот, како да не разбира.

„Ефенди попе, тоа е еден грош, тоа е надомест за вас“.

„Абре, дете мое, со еден грош ли се фаќа молитвата? Немаш ли повеќе пари?“

„Аман, ефенди попе, те молам, прими ги. И овие ги собрав од други на заем“.

„Во ред, мило, не грижи се, се пошегував со тебе, сакав да те помајтапам. Земи ги и овие. Сега дојди да јадеш и да се одмориш“.

Си замина Турчинот излечен и задоволен, и попот Василиј му даде леб и сол за неговите деца.

Тој, избраниот и свет служител на Вишниот, со неговиот дар правеше иноверните да ја почитуваат нашата вера, преку чудесата кои ги правеше божествената благодат, славејќи го името на Вистинскиот Бог.

Најголемиот негов син беше свршен со Султана Кулаксизоглу, ќерка на Авраам и Елена (родители на Никола Кулаксизоглу, кој го раскажа овој настан). Султана имаше во нејзината ризница и еден ѓердан со 20 златници со голема вредност. Еден ден се увери дека ì го нема ѓерданот. Во тоа време во истата куќа живееше и семејството на нејзиниот чичко Сава кој имаше три-четири ќерки. Тогаш почнаа сомнежите за тоа, кој ги украл златниците и во куќата завладеа студенило. Го бараа и не можеа да го најдат. Наредното утро мајка ì отиде да го праша попот Василиј. Го најде како го чита Стариот Завет. Откако се поздравија ì рече: „Внимавај, сваќе, немој да осудиш некого неправедно и да се огрешиш. Богатството е изгубено, никој не го украл. Ноќта глушецот го извлече ѓерданот за да го однесе во гнездото, но не можеше да го извлече целосно. Оди дома, потргни го сандакот и ќе го најдеш“.

Навистина, се врати дома каде што ја чекаа сите замислени. Ì помогнаа да го потргне сандакот и изненадени го видоа ѓерданот во глувчешката дупка која беше направена во ѕидот. Се восхитија сите од дарот на поп Василиј.

Друг пат дојдоа двајца Турци за да се излечат. Едниот имаше пет гроша, а другиот само еден. Поп Василиј ги виде оддалеку и пак им кажа на старците од селото, со кои разговараше, нешто во врска со Турците. Кога стигнаа во неговата куќа, турчинот, кој имаше пет гроша беше подрзок зашто имаше повеќе пари, додека, пак, другиот, беше несигурен и исплашен. Тогаш му рече поп Василиј: „Дојди внатре, не срами се. Се снебиваш оти имаш само еден грош, а другар ти има пет гроша?“ Турците штом го чуја тоа останаа вчудовидени и рекоа: „Ефенди попе, многу чувме за тебе, за сите добрини што му ги правиш на народот, но првпат гледаме и слушаме поп да ги знае помислите на луѓето и да знае што има секој во џебот“.

Откако му прочита на секого од нив соодветна молитва, на крајот им рече: „Сега одете со благослов Божји. Штом имате вера и направивте толку голем труд за да дојдете од далеку, не плашете се, Бог ќе ве излечи“. Турците ги подадоа рацете за да му ги дадат парите, но отецот одби да ги земе. Им рече: „Сиромаси сте. Купете нешто за вашите семејства“.

Во меѓувреме пријателите на попот, старците од селото кои го видоа сето тоа, му рекоа: „Бре, попе Василиј, не знаеме што да речеме. Се изгубивме. Нешто се случува со тебе. Како ти даде Бог такви дарови?“ Тој, пак, им одговори: „Секогаш да се молите со вера и побожност на Бога, да ги запазувате заповедите Божји и Он ќе ви ја даде Неговата благодат“.

Во селото Андроники еден богат Турчин имаше едно дете кое беше многу болно. Боледуваше од некој вид лудило и не знаеше што прави. Беше лошо кон луѓето, кршеше, правеше штети и неговото семејство не можеше да го задржи. Татко му најпосле го заклучи во една соба, ги заклучи вратите и му даваше храна низ едно мало прозорче. Толку беше здивено така што никој не можеше да му се приближи. Татко му претходно го имаше носено детето по лекари и на бајачи но никој не можеше да му помогне.

Имаше чуено за чудотворецот свештеник и во сиот негов очај си помисли: „Што седам и чекам? Што не го однесам моето дете кај поп Василиј да му прочита некоја молитва за да биде добро, кога толку многу луѓе најдоа лек кај тој свет човек?“

Повика десетина млади и силни момчиња кои се нафатија да го врзат и да го товарат детето врз едно магаре, врзано исто така врз самарот.

Гледајќи ја таа глетка жителите на Таслик се собраа од љубопитност во куќата на поп Василиј да видат дали ќе оздрави детето.

Таткото на детето падна на колена пред попот и плачејќи го молеше: „Ефенди попе, моето единствено дете се збудале и не можам да го задржам. Се тепа, тропа, крши и сите се плашат. Слушнав за твојата светост и дојдов кај тебе за да го исцелиш. Сожали ме и оздрави го моето дете, за моја радост и јас ќе ти дадам сè што ќе посакаш“.

„Смири се, дете мое, син ти ќе биде добро“, – му одговори попот.

Го донесоа детето пред него. Го стави епитрахилот и му прочита молитви од молитвословот на пустиникот; го прекрсти и му рече на таткото да го одврзат детето кое сега беше мирно. Го фати за рака, го исправи и му рече: „Дете мое, отсега си добро, немаш веќе ништо. Понатаму да бидеш добро и внимателно дете, да ги сакаш твоите родители и ближните. Оди со Божји благослов“.

Богатиот татко падна на колена благодарејќи му и му донесе многу бакшижи (дарови), коишто попот, се разбира, не ги прими.

Еднаш донесоа од Кесарија еден демонизиран. Додека изгледаше мирен, испушташе крици и пена од устата. Го донесоа врзан и отецот им рече да го внесат во неговата соба. Сите излегоа од собата, а тој ја затвори вратата и почна да му чита егзорцизми. Но едно негово внуче, на четири-петгодишна возраст, се скри во собата, и виде и раскажа сè што се беше случило. Попот ги читаше егзорцизмите заповедајќи им на демоните да излезат. Секогаш кога свештеникот ќе тропнеше со ногата на подот, детето гледаше како од устата на демонизираниот излегуваат демоните во облик на глувци. Егзорцизмите траеја подолго време и детето гледајќи ги глувците (демоните) како ја полнат собата, исплашено почна да вика:

„Дедо, дедо, се наполни нашата куќа со глувци“.

„Не плаши се, дете мое, тоа не се глувци, ќе си заминат“.

Штотуку завршија егзорцизмите демонизираниот се смири и заспа. Кога се разбуди, му дадоа храна и вода. Ги препозна неговите роднини и веќе мирен раскажа што претрпе од демоните благодарејќи Му на Бога што го ослободи од тоа мачење. Му се заблагодарија на попот Василиј, му ја целиваа раката и заминаа.

Еднаш попот Василиј се враќаше во селото ноќе јавајќи на коњ. Се враќаше од посета на неговиот пријател Ерменец, Хамберага Ехмалоглу, многу добар човек од Кемерек. Оддалеченоста на Таслик-Кемерек беше четири часа. Кога стигна кај местото Ејтелик, што значи добра дупка, наиде на разбојници, без тие да го препознаат кој е. Отецот приближувајќи им се ги сфати нивните намери, ги осени со знакот на крстот и разбојниците станаа неподвижни (се вкочанија) на нивното место. Помина покрај нив и, откако ги измина и се оддалечи, се сожали и ги ослободи од врзаноста.

Разбојниците почнаа да се прашуваат што се случи, и си раскажаа еден на друг, дека како што сакаа да го уловат човекот на коњ кој поминуваше, не можеа, нешто ги врза. Тогаш помислија дека тој што поминуваше не би можел да е никој друг, освен попот Василиј од Таслик. Тогаш го сфатија нивниот грев што го сторија и веднаш поитаа кон Таслик, го најдоа попот и побараа прошка. Им прости и им даде да јадат. Но ги советуваше да престанат со разбојништвото и да живеат чесно од нивната работа. Разбојниците му целиваа рака и заминаа покајани.

Многуте чудеса што ги правеше Бог преку попот Василиј стануваа познати во цела Кападокија и многумина доаѓаа кај него за да се излечат. Но тоа беше причина да му позавидат некои, бидејќи мислеа дека се збогатил, иако тој не земаше пари. Отидоа, значи,  и го наклеветија кај митрополитот на Кесарија обвинувајќи го дека е голем факир и дека им прави магии на болните. Митрополитот не испита точно дали се веродостојни тие клевети, им поверува и го казни со суспензија попот Василиј. Престана веќе да служи и да им чита молитви на болните. Црквата од нивното село, храмот на свети Ѓеоргиј, во неделите и празниците остана без литургија. Суспензијата траеше три месеци и се разреши на следниов начин:

Во тоа време, во соседното село Румкавак, оддалечено 5,5 километри од Таслик, беше изграден нов храм и дојде владиката за да изврши осветување. Во истата прилика направи и обиколка низ селата од неговата епархија. Додека се наоѓаше во Румкавак отидоа настојателите од Таслик со претседателот Авраам Ќаја и другите членови, да го замолат владиката да ја укине суспензијата на попот Василиј. Владиката прифати да дојде во Таслик и на лице место да ја испита ситуацијата. Стигна со неговиот ѓакон јавајќи врз коњите, како што беше обичај, и отседна во куќата на хаџи Онимфиј кој беше најбогатиот човек во селото и настојател на црквата. Целото село го пречека владиката, му целиваа рака, но ја покажаа и болката поради тоа што го казни нивниот свештеник. На пречекот недостасуваше само отецот, кој како казнет не се појави и остана дома.

Додека беше распитот, го известија владиката дека неговиот коњ легнал на земја, збивта, и се тресе целиот и постои опасност да пцовиса. Се обидоа да го згрижат, му дадоа да јаде, му донесоа лекари, но се влоши. Владиката вознемирен го испрати ѓаконот да му прочита молитва, но не се управи коњот. Слезе и самиот владика, му прочита молитва и состојбата на животното се влоши.

Жителите на Таслик знаеја дека таквите болести лесно ги лечеше попот Василиј и му предложија на владиката преку претседателот да го повикаат, но владиката не прифати. Тогаш претседателот му рече: „Слушнете, владико. Откако дојде овде овој човек ниту нашите животни пцовисуваат, ниту луѓето умираат од болести. Неговата молитва на сите им помага.

Владиката се согласи да го повикаат, но отецот не отиде велејќи му на оној што го испратија да го повика: „Може ли поп пред Владика да благословува?“ Испратија друг човек но пак одби. Владиката веќе го чекаше со немир, зашто ја гледаше опасноста што му се закануваше на неговиот коњ. Тогаш отиде самиот претседател Авраам Ќаја и го замоли да дојде; да види владиката со свои очи дека попот Василиј Му служи на Бога а не на ѓаволот, и да ја отвори црквата која е затворена а народот оставен без литургија.

Конечно отецот беше убеден, го зеде епитрахилот, молитвословот на пустиникот и отиде по претседателот. Отидоа право во шталата, додека мноштвото народ со немир чекаше и, без да се поздрави, стигна кај болниот коњ. Почна да ја чита молитвата. Владиката љубопитен отиде зад попот Василиј да види која молитва ја чита. Попот во текот на читањето на молитвата прекина три пати и го прекрсти коњот допирајќи го нежно со неговата нога.

На крајот, коњот се исправи на нозе и потоа почна да јаде. Попот рече „нека му помине“ и замина дома. Владиката со радост заборави да му заблагодари. Кога се созеде поита кон него и го замоли да оди со него; го фати под рака и го придружуваше до куќата во која беше отседнал, додека народот чекаше надвор. Потоа излезе надвор заедно со попот и обраќајќи му се на мноштвото христијани рече: „Браќа мои, молитвата што ја прочита попот Василиј, ја прочитав и јас, ја прочита и ѓаконот. Бог не ги послуша нашите молитви. Но ги послуша молитвите на поп Василиј. Нешто се случува тука и затоа неговите молитви Бог ги прима. Сега јас ќе го исповедам него“. Сите излегоа надвор, и откако му постави разни прашања на попот Василиј и го исповедаше, излезе и му рече на народот што чекаше: „Слушнете, возљубени мои. Сега попот Василиј нема да побара прошка од мене. Јас ќе побарам прошка од него, зашто поверував на клеветите и го казнив со суспензија. Дарот му е даден од Бога и никој не може да му го одземе“.

Потоа му прочита молитва и го разреши од суспензијата. Наредниот ден се отворија вратите на селската црква и сите заедно отслужија божествена литургија.

Ова се само малку од многуте чуда кои им ги изврши попот Василиј Кападокиецот на христијаните и на Турците.

Според сведоштвата на неговите роднини и соселани кои се живи до денес, се упокоил околу 1900 година и е погребан таму во селото каде што служел, во Таслик Кападокиски.

Нека му е вечен споменот. Неговиот благослов да го имаме и неговите молитви да помогнат да профункционира пак храмот на свети Ѓеорги во Таслик, кој денес е џамија. Амин.

(Потомците на поп Василиј кои дојдоа во Грција, некои го носат презимето Конџиклис, што го означува потеклото на поп Василиј, значи од селото Конџук или Голџик, и други давајќи му тежина на неговото свештеничко служење се нарекоа Кеисоглу, што значи син на свештеник (кеис – свештеник, оглун – син). Подоцна Кеисоглу го променија во Папазоглу и потоа во Пападопулос. Тоа презиме денес го носат повеќето од неговите внуци. Тие и неговите соселани се раселија и денес живеат во Тириопетра Аридејска и во кападокиското село Свети Константин во Фарсала. Со побожност ги чуваат раскажувањата поврзани со попот Василиј и ги чуваат како реликвии неговиот крст и Молитвословот што му го даде светиот пустиножител.)

 

Превод од новогрчки јазик:

Ѓакон Јани Мулев

Ортодоксија ортопраксија

Наслов на изворникот:

Ασκητές μέσα στον κόσμο Α΄,

Άγιον Όρος, 2008



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3123
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7594
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

15/11/2024 - петок

Светите маченици Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преподобен Маркијан Кирски; Светиот свештеномаченик Викторин, епископ Патавски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная