логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


БОГ НА СЦЕНАТА

Меѓу Deus ex machinа и Вистинскиот Бог


Deus ex machinа („бог од машина“) е драмска постапка што ја применувале древногрчките трагичари. Во оние случаи кога дејствието во драмскиот чин станувало премногу сложено, старогрчките трагичари прибегнувале кон вештачко разрешување на ситуацијата: на крајот од драмата, во дејствието воведувале некое божество, кое со својата интервенција брзо ја разрешувало ситуацијата и го доведувала дејствието до крај. Тоа божество се спуштало на сцената во подвижна машина (оттука и називот), преку отвор над вратата од куќата, што била претставена на сцената. „Богот од машина“ во своето обраќање до ликовите од драмата ја објаснувал смислата на настанатата ситуација и ја определувал понатамошната судбина на ликовите во драмата, понекогаш сосема изменувајќи ја ситуацијата. Многумина современи теоретичари на театарот сметаат дека тоа не е добра завршница за една трагедија, дека не е спонтан, природен крај на дејствието. И, веројатно, се во право, што се однесува до вештината на создавање уметничка творба: градење драма и драмско дејствие. Но, можеби, на подоцнежните трагичари навистина им недостигала морална сила и знаење да ги разрешат конфликтите на сцената. Древниот римски театар, наследник на старогрчкиот, сосема заборавил на основните етички и естетски достоинства на оваа уметност, претворајќи ја сцената во крвава арена и губилиште на следбениците на новото за тој свет учење – христијанството. Неколкумина актери на древниот пагански римски театар, и самите учесници во крвавите игри, навистина Го виделе Вистинскиот Бог додека играле во арената. И посведочиле дека Бог Го има на сцената. И дека е потребен на сцената. Ова се сведоштва за јавувањето на Бог на сцената и преобратувањето на оние што Го виделе со свои очи.     
 
Свети маченик Генезиј Римски (+304)

25 август/7 септември

Римскиот цар Диоклецијан, познат по тоа што извршил најжестоки прогони против христијаните, во 304 година долго се задржал во Рим. Во престолнината стигнал да ја прослави својата победа над Персијанците. Во програмата со забави спаѓала и посета на театарот. Во градот живеел Генезиј, комедијант во римскиот театар, кој учествувал во претстави што ги исмејувале христијаните и ја забавувал публиката со импровизации. Очигледно, тоа бил познат актер, љубимец на публиката, кога му дозволиле да настапува пред познатиот по својата жестокост кон христијаните император Диоклецијан, кој издал едикт што дозволувал христијаните да се принесуваат како жртва на боговите.
Денес не можеме да си ги претставиме сите подробности од настапот на познатиот комедијант, кога тој се преобратил, но според записите, во тој ден римскиот Колосеум бил преполнет со народ што дошол да се разонодува со крвави претстави – во арената стотици христијански семејства и поединци ги убивале измачувајќи ги на сите можни начини и фрлајќи ги на диви ѕверови. Во тој ден, на заситената од крвави сцени публика, познатиот комедијант Генезиј ѝ ветил дека ќе ѝ прикаже нова шега и добро ќе ја насмее со христијанскиот обред на крштевање. Вештиот во глумата и остроумен Генезиј предизвикал ракоплескања на трибините, кажувајќи здравици за потсмев на христијаните, на кои, наводно, им се здосадиле сопствените деца, сопствените пари, храна, имот, па дури и живот. Во кулминацијата на претставата комедијантот требало да го исмее чинот на крштевањето – скокнал во валкана дупка исполнета со вода, велејќи: „Во името на Отецот. Амин. И Синот. Амин. И Светиот Дух. Амин!“. Амфитеатарот грмел од смеа, а самиот император бил презадоволен од комедијантот. Но овојпат се случило нешто чудно. Наместо со благодарност да се поклони пред публиката, почнувајќи од главната ложа, актерот како скаменет застанал пред многуилјадната публика, како да видел нешто што се попречило меѓу него и трибините. На спротивниот крај од арената во големи кафези рикале лавови, разјарени од глад и од возбудата на публиката. Во близина на центарот на арената стоела група христијани подготвени за смрт, среде кои имало и деца, сите завиткани во овчи кожи – нивниот мирис требало да ги раздразни и без тоа веќе настрвените животни во кафезите. На средината, изводенет од главата до петиците, стоел Генезиј. Со натопено од солзи лице тој тргнал кон луѓето во овчи кожи. Паѓајќи на колена, ја симнал кожата од еден старец, и почнал да се моли, гледајќи во оние што дотогаш за него биле само ѓубре фрлено на сцената. Два војника го подигнале и го повеле кон ложата на императорот. „Царе, и вие, царски дворјани! Мудреци на овој град! Слушнете ме. Штом ќе го слушнев името христијанин, се исполнував со ужасна одвратност, ја презирав таа вера толку што детално ги изучив нејзините Тајни за да ве забавувам со претстави за нив. Но, кога денес ме допре водата и кога прашан, одговорив дека верувам, видов рака која слегува од небото; опкружувајќи ја, свети ангели слегоа на мене. Тие во една книга ги прочитаа сите согрешенија што сум ги направил од детството, ги измија со истата таа вода во која во ваше присуство се крстив, а потоа ми ја покажаа книгата чиста (ненапишана) како снег. Затоа, велик царе, и народе, и вие кои со потсмев ја опсипувате христијанската Тајна, поверувајте, како и јас што поверував дека Исус Христос е Вистинскиот Бог, дека Тој е светлоста на вистината и дека Тој може да ви прости“, му се обратил тој на императорот. Диоклецијан, сосема огорчен од тие зборови, наредил Генезиј жестоко да го маваат со палици. Долго го измачувале, сечејќи го на парчиња, а тој извикувал: „Нема друг цар освен Оној што Го видов! Него Го почитувам и Нему Му служам! Нема мачењето да Го истргне Исус Христос ниту од мојата уста, ниту од моето срце“. На крајот, Генезиј бил казнет – со отсекување на главата. Потоа биле отворени кафезите...
Ова се случило во 304 година по Христа, за време на едно од последните најкрвави жестоки гонења на христијаните од страна на римските пагански владетели.
По неколку десетолетија, еден од римските христијански храмови бил посветен на овој актер-маченик. Неговите мошти се чуваат во римската црква посветена на света Сузана. Почитта кон свети маченик Генезиј е жива и денес. Многу театарски групи го сметаат за свој покровител, некои го носат неговото име.
        Извор: Православна енциклопедија,
       Св. Игнатиј Брјанчанинов, „Аскетски опити“


Свети  маченик Порфириј
 
15 септември/28 септември

За време на императорот Јулијан Отстапник живеел некој актер по име Порфириј. Тој се занимавал со исмејување на христијанството, ги исмејувал Светите Тајни и Црквата. Јулијан Отстапник го мразел христијанството. Тој се борел против него не само со оган и меч туку и со клевети и пакосни потсмевања. При еден настап на Порфириј, кога тој пред толпата народ и во присуство на императорот ја исмевал христијанската вера, во моментот додека ја изведувал својата одвратна комедија, наеднаш скокнал во буре со вода кажувајќи: „Се крштева работ Божји во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!“. Во толпата се раздала смеа. Актерот излегол од водата и викнал: „Јас сум христијанин!“. Смеењето продолжувало, но комедијантот дал знак народот да замолчи, па обраќајќи се кон онаа страна каде што седел императорот, гласно рекол: „Императоре, јас сум христијанин – тоа се вистински зборови, тоа се единствените праведни зборови што сум ги кажал за многу години живот. Моите родители беа христијани и сакаа да ме воспитаат во својата вера. Но, јас од детството Го мразев Христос, Го мразев како свој непријател. Ги исмевав своите родители, ги имитирав кога се молеа, ги пријавував кога одеа в црква. Водев развратен живот и со тоа порано ги отерав мајка ми и татко ми во гроб. Не по принуда, туку од омраза кон христијанството станав уличен шут и актер за да ги исмејувам христијаните, нивната вера, нивните Свети Тајни пред толпата народ. Тоа ми носеше сатанска радост. Ми се чинеше дека Го плукам Христос и дека Го удирам по лицето кога предизвикував смеење во топлата. Еднаш ги видов своите родители насон. Тие плачеа за мене, а јас дури и насон се смеев на нивните солзи. Но сега стана чудо. Кога реков „Се крштева работ Божји“ одеднаш ги видов своите гревови напишани на огромна хартија, на свиток, и огнена рака од небото го скина списокот. Видов црни духови, демони, што ме опкружуваа. Кога се крстив, небесна светлина слезе на мене, и демоните исчезнаа. Императоре, јас сум христијанин – покај се и ти, и Бог ќе ти прости, исто како на мене!“. Толпата се скаменила од избезуменост, а императорот паднал во таков гнев што наредил поранешниот шут да се запали, а сега маченикот за Христос е жив.
   Во 365 година, последниот император-гонител на христијаните, Јулијан Отстапник, смртно ранет во походот против Персијанците, на крајот од животот ги кажал зборовите на признание: „Ти победи, Галилеецу!“  
         
Извор: Архимандрит Рафаил (Карелин),
„Патот на христијанинот. Проповеди.“


Свети Ардалион Глумец

14/27 април

Светиот маченик Ардалион пострадал за Христос за време на владеењето на императорот Максимијан Галериј (IV век). Свети Ардалион бил талентиран актер. Еднаш на циркуска сцена играл улога на христијанин. Актерот, според тоа како бил замислен ликот, прво требало да се откаже од принесувањето жртви на идолите, а потоа да се согласи да се одрече од Христос. Во претставата, свети Ардалион го обесиле на дрво за измачување и почнале да го стружат со железни куки. Тој толку природно ги изразувал страданијата, што гледачите биле воодушевени и гласно ги искажувале своите пофалби за неговата уметност. Одеднаш светиот им рекол на сите да замолчат и објавил дека тој навистина е христијанин и дека нема да се откаже од Бога. Управителот на градот се обидел да покаже дека Ардалион само продолжува да ја игра својата игра и дека на крајот од претставата ќе се одрече од Христос и ќе им принесе жртви на боговите. Но свети Ардалион продолжил да ја исповеда својата вера во Христос. Тогаш управителот заповедал маченикот да се врзе за вжарена железна решетка. Така свети Ардалион се удостоил за маченички венец.

       Извор: Православна енциклопедија
         
Преподобен Вавила Скомрах, Тарсиски (VI-VII)

28 декември/10 јануари

Преобратувањето на комедијантот и неговите две наложници

       Го оставам светот и одам во монаси!

Во киликискиот град Тарс живееше еден комедијант по име Вавила. Тој имаше две наложници. Едната се викаше Комито, а другата Никоса. Комедијантот живееше развратно и му угодуваше на секој начин на ѓаволот. Еднаш се случило да влезе в црква. По промисла Божја, тогаш во храмот се читало ова место од Евангелието: „Покајте се, се приближи Царството Небесно“. Погоден од тие зборови, тој се ужаснал спомнувајќи си за својот живот. Веднаш излегувајќи од храмот, ги повикал своите наложници. „Знаете колку развратно живеев со вас – им рекол тој – и никогаш не ја претпочитав едната пред другата. Сега, сѐ што стекнав за вас е ваше. Земете го и сиот мој имот и поделете го меѓу себе. А јас сега ќе заминам, ќе го оставам светот и ќе одам во монаси“. „За грев и погибел на душата живеевме заедно со тебе – викнале обете во еден глас, облевајќи се со солзи – а сега, посакувајќи богоугоден живот, нѐ напушташ и сакаш само себеси да се спасиш!? Тоа нема да се случи – нема да нѐ оставиш! Сакаме да бидеме учеснички со тебе и во доброто!“ Набргу актерот се затвори во една од ѕидините на градската тврдина, а жените, откако го продадоа својот имот, ги раздадоа парите на сиромасите, па примајќи монаштво, исто, се затворија, во ќелија во близината на истата крепост. Имав среќа да се видам со монахот, поранешен комедијант, и имав голема полза од тоа. Тоа е маж многу сострадателен, милостив и смиреномудар. И јас ова го запишав за полза на читателите.

     Извор: Блажен Јоан Мосх (Зборник „Духовна ливада“)


подготвиле: сестрите од манастирот на Пресвета Богородица Елеуса, Велјуса

Извор: ПРЕМИН бр.79/80



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7698
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная