Научи се да се бориш - Митрополит Николај Хаџиниколау
Христијанскиот живот е една борба. Првиот чекор на христијанинот е да научи да се бори. Од мигот кога христијанинот ќе посака да Го следи Христа, почнува една борба, една војна.
Апостолот Павле пишува: „Оти нашата борба не е против крвта и плотта, туку против началствата, против властите, против светските управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата“ (Ефес. 6,12).