Толкување на Исусовата молитва - Свети Марко Евгеник Ефески
Значи, божествените зборови на оваа молитва ги изнесуваат во почетокот свештените Отци наши (Макариј, Дијадох, Варсануфиј ...), но, не ги смислија сами од себе, ниту по свој ум, туку одозгора зедоа за себе почеток, односно од самото Божествено Писмо и од тројцата врховни апостоли Христови. Подобро кажано, ги примија и ни ги предадоа нам, како некое наследство кое им слезе одозгора – од Отецот Небесен.







Христос нѐ потсетува сите дека нашето Царство не е од овој свет и дека во овој живот нѐ очекуваат и страдања. Со оваа вистина треба да сме начисто и да не се лажеме самите себе со некакво „земно царство“. Секако, страдањата прифатени со смирение и благодарност кон Бог ќе ни ги донесат и утехата на Светиот Дух и предвкусот на Царството Небесно, уште сега и овде.
Ете, си поминал покрај мало дете, си поминал лут, со грд збор, со огорчена душа; и можеби не со го ни забележал детето, но тоа тебе те видело и твојот лик, грд и зол, можеби остана во неговото незаштитено срце. Ти тоа не го знаеш, меѓутоа, можеби веќе со тоа фрли лошо семе во неговата душа, а тоа семе можеби и ќе прорти, и сето тоа зашто не се воздржа пред детето, зашто во себе немаш одгледано внимателна и делотворна љубов.
Покајанието е договор со Бог дека ќе се води еден нов живот. Покајанието е извор на смирението. Тоа е неотповикливо одрекување од секоја желба за телесни добра. Покајанието е самоосудна мисла и грижа за себе, без грижа за споредните работи. Тоа е ќерка на надежта, откажување од безнадежноста.
Знаев дека тоа е плод на неговото крајно смирение, кажано кога толку многу ќе се приближиш до Бога, па ја гледаш својата дребност застанат пред Неговата големина поширока од небесата, поголем од секој простор што нашиот ограничен ум може да го замисли, постар од секое време што можеме да го изброиме... Сепак, се убедив да го препрочитам неговото веќе подзаборавено житие.
Многумина со двоумење ги поставуваат прашањата: „Зошто патот кон небесното Царство е толку тежок?“ и „Зошто христијаните мораат да носат толку тешки крстови?“ На овие и слични прашања христијанинот треба секогаш да одговара дека тоа Му е угодно на Бога. Нашиот Бог е премудар и го љуби човековиот род; Тој знае што да прави со нас. Ако навистина сакаме да бидеме
На ист начин и светот има свои мамки и ги уловува луѓето. Тие се привлекуваат од светскиот дух и паѓаат на неговата измама.
Насекаде е неопходна побожноста. Бог ги создава луѓето без претходно да ги определи како успешни или неуспешни во нивниот живот, но оној, што нема побожност, каков живот и да живее, тој ќе претрпи неуспех. Додека, побожниот човек напредува, каде и да се наоѓа, бидејќи Божјата благодат е со него.
Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците и Божјите угодници, односно го започнал својот подвижнички живот на планината Синај во Египет. Како послушник Јован поминал речиси 20 години со својот духовен учител, а по смртта на мудриот старец, се повлекол во потполна самотија на Синајската планина.
Ако не сакаш да страдаш, не барај НИ ДА СЕ ИСКАЧУВАШ! Ако не сакаш да тагуваш, НИ БЛАГОДАТ НЕ БАРАЈ!… Зошто унинствуваш, се обезнадежуваш, зошто се изнемоштуваш? Толку ли бргу се откажуваш од борбата? Еве гледај. Бог им допушти на демоните да вршат влијание за да видиш каде се наоѓаш, за да се појави твојата гордост, за потоа да се смири твоето срце, за да осознаеш дека си
Прашањето не е за тоа што го пишуваме, туку главно за тоа што не го пишуваме затоа што се плашиме. Се плашиме дека ќе го прочитаат и разберат, дека ќе не изобличат, дека погрешно ќе не разберат, дека нема да ја видат длабочината на нашата болка, на нашата мисла, на нашето срце. Затоа претпочитаме да напишеме нешто полесно, поедноставно и подостапно, нешто плитко и банално.
И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во животот на светителите коишто иако имаат стигнато многу блиску до Бога, сепак имаат едно вистинско покајание, еден покаен дух кој нѐ изненадува, зашто ние ја гледаме светоста на нивниот живот, но и крајното смирение и големото покајание нивно.
Срцето на овој степен сè уште е заробено од страстите, така што демонот релативно лесно, преку помислите и сетилата, однатре, го наведува човекот на грев. Колку што човекот слободно му се приклонува на гревот, толку Божјата благодат отстапува од него.
Злопамтливоста е последица на гневот,
























