Голема работа е постот, но уште поголема е љубовта. Ако со постот се изгонуваат демоните, се скротуваат страстите, телото се смирува, духот се средува, со љубовта Бог се вселува во човекот. Господ го назначил постот како неопходен, но љубовта ја истакнал како главна заповед. Во првата половина на XIX век во Охрид владеел Џеладин-бег, одметник од султанот и самостоен господар, а со Црквата во тоа време управувал митрополит Калиник. Џеладин-бег и Калиник, иако од разни вери, биле многу добри пријатели и честопати се посетувале еден со друг.
Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела. Но, лекот не е во заборавањето, туку лекот е во препородот на душата и приближувањето кон Христа. Неговото божествено учење е единствената котва на спасението, зашто тоа претставува кулминација на морланото совршенство и возвишеност.
Владетелите ќе бидат збунети. Свештенството ќе се наоѓа во анархија, и монасите ќе бидат немарни. Великодостојниците во Црквата ќе го сметаат за некорисно, сето она што е во врска со спасението, како своите души, така и душите кои што ќе им бидат доверени, и ќе презираат било каква грижа. Сите ќе покажуваат ревност и енергија за се што е во врска за масата за јадење и за својот стомак. Ќе бидат мрзливи во своите молитви и повремено ќе критикуваат.
Благодатта секогаш му претходи на искушение, како едно известие за подготовка. Не е практика некој да се обиде и да се повлече, туку, кога некој се бори да победи, или да биде победен, да добие, или да загуби, да падне, или да стане, да има подвиг и борба до последниот здив. Се додека не излезе неговата душа искачувајќи се на небото, следното што треба да го исчекува е да се спушти во адот. Мислам дека истиот момент може да се случи слетувањето.
Траат светиите, зашто е вечен Изворот на нивната светост! Зар ќе ја спомнувавме првопокрстената Лидија или Светите Ахилеј Лариски, Еразмо Охридски, Петанесетте Тивериополски свештеномаченици, рамно¬апостолните Кирил и Методиј и нивните ученици, пустиножителите Гаврил Лесновски, Прохор Пчински, Јоаким Осоговски, па Нектариј и Агатангел Битолски, Никодим Прилепски и Иларион Мегленски, ново¬мачениците Злата Мегленска, Ѓорѓи Кратовски, Спасо Радовишки и многубројните само за Господа знајни – доколку Бог не ја сведочеше постојано нивната светост, како што тие Го посведочија Бога со своите овоземни животи и дела!?
Љубовта и смртта, нераскинливо поврзани, дека со едното се стигнува до другото и со заемната смисла што си ја даваат. Дали може да се оболи, да се умре заради љубов? Тоа исконско прашање сосема ненаметливо го раскажува отец Пимен во една мала приказна, сместена во една мала земја. Што е градот Ресен и една љубовна приказна во 21 век? Може да се пребара на „Гугл“, да се лоцира со „Навигаторс“, на „Википедија“ да се прочита за оваа именка од женски род, и основните информации веќе ги имаш. Навидум знаеш сè што е потребно,
Да те прашам, човеку, зошто ти е помило да му судиш и да го осудуваш некого врз основа на озборување, кога веќе ти се достапни и познати неговите дела и неговото слово? Посебно неговите дела, затоа што тие најмногу говорат за секого. Да ти кажам директно: од злоба, од завист, од проекција и од демоноoпседнатост.
Најчесто, ние во Црквата, и им судиме на јавните личности (Епископите), а официјалните податоци за нив ни се најлесно достапни.
На 7 октомври 2020 ќе се одржи деветтото издание на Европска Ноќ на Литературата. На настанот, кој ќе трае од 18:00 до 21:30 часот, КИЦ на РСМ во Софија ќе ја претстави книгата „Излегов“ на О. Пимен, која оваа година беше преведена на бугарски јазик. Посетителите на настанот кој се организира од различните културни институти и амбасади на различни локации од центарот на Софија, ќе имаат можност да циркулираат меѓу тие читателски места (гнезда) каде на секои 30 минути ќе се повторува читањето на делот од избраната книга.
Молитвата треба да се кажува со внатрешното слово, но бидејќи, на почетокот умот се нема навикнато на неа, ја заборава. Заради тоа ја кажуваме некогаш со уста, а некогаш со ум. Тоа се случува се дотогаш, додека не се засити умот, така што, молитвата станува енергија. Енергија имаш тогаш, кога кажувајќи ја молитвата, во себе чувствуваш радост и желба постојано да ја повторуваш. Значи, кога умот ќе ја преземе молитвата, така што, ќе стане како што ти пишувам – радост, тогаш ќе се кажува внатре во тебе, непрестајно, без твој напор.
На 30. 09. 2020 година кога Светата Православна Црква го празнува споменот на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Велес се отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата служеа свештенослужители од градот Велес. По Литургијата се отслужи молебен за успешна школска година за Човекољубиот Господ, нашиот Спасител, да ги просветли сите ученици, за да бидат за радост на своите родители и од полза на нашата татковина и на Светата Црква.
Чедо мое, ако внимаваш што ти пишувам, и ако си наложиш себеси подвиг ќе имаш голема полза. Сè што ти се случува, ти се случува бидејќи не се присилуваш на молитва. Значи, присили се! Постојано кажувај ја молитвата! Воопшто да не запре твојата уста! Ќе се навикнеш на неа внатре во себе, така што, потоа ќе ја преземе умот. Не се ослободувај во внимавањето над помислите, бидејќи ќе станеш млак и ќе се оскверниш. Молитва, тоа е постојана присилба над нашата природа. Практикувајќи ја, ќе видиш колку благодат ќе добиеш!
Нема да заборавам никогаш – трагичен е примерот што ќе ви го кажам, тажно е, не сакам да го кажувам, но еден човек се самоуби затоа што девојката којашто ја љубеше го измами. Тој ѝ остави писмо, кое девојката не го покажа на никого. Ми го донесе мене и јас го прочитав. Толку многу се нажалив, почувствував огромна болка за тој млад човек. Сметам дека не бил во право. Добро, можеби и навистина го предала, т.е. засакала друг. Ако овој младич не ја беше претворил во идол девојката, туку да ја беше засакал со сфаќањето дека и таа е човек, немаше да се самоубие.
Ако се задлабочиме поусрдно во животниот пат на човекот, ќе го разбереме настојувањето на Црквата во врска со воздржанието. Зошто Црквата настојува да се пази воздржанието пред бракот? Да нема предбрачни врски, човекот да е целомудрен? Да се подвизува, да го помине пубертетот и да не се оддава постојано на наслади? Причината е токму во тоа младиот човек да го пренасочи својот силен копнеж на првата љубов и да Го возљуби Бога. Т
Еднаш, дошол коработ, го растовариле, сите слегле долу и ги натовариле продуктите на грб, секој своето-жито, брашно, и други потребни производи. Владиката го ставил својот багаж врз магаренцето. Сите тргнале нагоре кон скитот, како што бил обичајот, како караван. По патот има места каде монасите застануваат да си починат, затоа што искачувањето е напорно, преку лето се прават жива вода и се претепани од умор. Владиката, којшто си го водел магаренцето исто така седнал и задремал. На сон ја видел Пресвета Богородица...
Патот на созданието се преплетува со патот на човекот и е определен од него. Падот на човекот е пад и на созданието (види Рим. 8, 20-21). Уништувањето на околината ја достигна својата кулминација во нашата епоха и јасно ја открива бескрупулозноста и несовесниот однос на човекот кон неа. Сепак, преминот од сетилна кон духовна убавина не е едноставен, ниту лесен за човекот кој се потчинува на страстите. Тој премин предвидува очистување на умот и ослободување на сетилата од острастениот однос кон предметите.
Додека времето силно го преокупира вниманието на луѓето, просторот како да останува на маргините на интересирањето. Но, во стварноста, времето и просторот се соединети и неразделни. Времето не постои самото за себе, туку во просторот. А и просторот не се протега самиот за себе, туку заедно со времето. Се чини, меѓутоа, дека напоредо се создава и одредена спротиставеност меѓу просторот и времето. Ослободувањето од некој конретен простор се остварува со посредство на времето. Така е и со движењето во просторот, кој претставува корпа за отпадоци на времето.
Вистинската и мудра надеж се гледа во тоа што човекот воопшто не се грижи за себе, и тоа од љубов кон Бога и заради добродетелите, знаејќи дека за него се грижи Бог. Ако, пак, човекот самиот се грижи за своите работи и кон Бога се обраќа со молитва само тогаш кога доаѓаат неизбежните несреќи, па не наоѓајќи во сопствените сили соодветно средство, почнува да се надева на Божјата помош – таквата надеж е суетна и лажна. Вистинската надеж го бара само небесното Царство, и притоа е уверена дека сѐ земно, што ѝ е потребно во овој минлив живот, ќе ѝ биде дадено.