Старец Емилијан Симонопетриски- Дали Го примивте Светиот Дух (3)
Колку чудеса! Нашата светост, нашиот мир, среќата наша, преподобноста наша, нашиот подвиг, нашата молитва, слушањето на Бога, кое ни се дава кога Го љубиме, смирението наше, љубовта наша, кроткоста наша, нашето тихување - тихување во смисла на состојба во која можеш да Го чуеш и Го слушаш Бога - сите тие дарови на Светиот Дух и воопшто сè она што прави Бог е чудеса, одлики на Неговото присуство.