Митрополит Повардарски Агатангел: ЗА МАШКИОТ И ЖЕНСКИОТ ПРИНЦИП
Во Новиот Завет, поточно во Првото Послание на Светиот Апостол Петар (1 Петр. 3, 1-7), е напишано дека жените треба да се трудат не само за надворешната убавина, туку и за внатрешната, која потајно, како постојаност и тих дух е скриена во срцето, а која пред очите на Бога е исклучителна вредност и драгоценост. Апостол Петар во продолжение вели дека мажите треба да живеат разумно со своите жени,