Митрополит Тимотеј: † ВОЗДВИЖЕНИЕ НА ЧЕСНИОТ И ЖИВОТВОРЕН КРСТ - КРСТОВДЕН
Честопати може да се слушнат прашања од наши верници за значењето на овие зборови. Што значи да се земе својот крст? Секој човек има свој крст и тој ќе го носи независно дали се согласува или се спротивставува. Својот крст не може да го оставиме на друг, ниту, пак, туѓиот крст да се земе на својот грб.