Верски војни или војни со верски изговор?
„Со Божјата помош на наша страна, ќе победиме во Ирак!“, објави Џорџ Буш пред почетокот на војната. „Борете се, како Самиот Бог да ви наредува!“, ги бодреше Садам Хусеин војниците во спротивниот табор. Водачи кои се повикуваат на Бога за да ги оправдаат своите експанзионистички планови. Војски кои ја просат Божјата помош пред почетокот на воени дејствија и кампањи. Но, која е улогата на Бога во една војна?