Архимандрит Андреј Конанос: ПРИФАТИ ЈА ОДГОВОРНОСТА ЗА СВОЈОТ ЖИВОТ
Да не ја префрламе секогаш топката на другите, да ја прифатиме својата лична одговорност за нашиот сопствен избор во однос на своите дела. Како се формира нашата реалност? Она што е околу нас, кој го прави? Дали Бог го создава? Околностите кои доаѓаат и нé растројуваат? Бог допушта да стане нешто, но како ќе го почувствуаш зависи не од Бог, туку од тебе. Ти решаваш за него и го избираш.