Божествена Литургија во Соборен храм, Скопје (17.11.2019)
„ Денешната евангелска приказна за богатиот човек и сиромавиот Лазар, во својата содржина опфаќа повеќе теми, како на пример: богатството и сиромаштијата, милосрдието и немилосрдноста, задгробниот живот, наградата и казната во вечниот живот, дали богатството и сиромаштијата се причина за нашето спасение или не, зошто грешниците понекогаш во овој земен свет уживаат, а праведниците страдаат и многу, многу други теми.