Архимандрит Јован Крестјанкин: Првиот степен на љубовта е сомилоста
„Духовниот живот е упорен труд кој трае целиот живот. Во таа борба се случуваат и порази и победи. Меѓутоа, сѐ ќе надминеме со Исусовото име. Тешко на човекот кој, според предлозите од ѓаволот, на себе гледа како на среќен и задоволен. Добро е што вие ја гледате својата слабост – отсуството на љубов. Потрудете се околу тоа и не нарекувајте ги својот труд и напорите лицемерни. Не, тоа не е лицемерие, туку искрена желба да се има она што го нема а е крајно неопходно.