логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Во црква одиме за да се научиме да Го љубиме Христа, конкретниот Христос, конкретната Личност Која заради нас станала Човек пред 2000 години, Оној Кого Го гледаме на иконата, Оној со Кого се причестуваме секој ден, Оној Кому се обраќаме секогаш кога велиме – Христе помогни ми! Господи Исусе Христе помилуј ме! Тоа е целта на Црквата – да Го возљубиме Христа како одговор на Неговата љубов. Оној кој ќе го разбере ова ќе може од тука натаму да си го уреди целиот свој живот. А оној што мисли дека оди во храмот со некаква друга, каква и да е цел, прави грешка. Времето минува и тој не извлекува полза, напротив станува полош, зашто мисли дека сѐ е во ред, дека е многу добар христијанин.


Знаете ли дека еднаш кога бев на Света Гора, дојде еден младич кој завршил богословие и сакаше да стане монах. По два дена дојде татко му, за да си го земе синот. Сакаш да го земеш – земи го. Нема никаков проблем. Татко ми рече:

    Имав голема желба да дојдам на Света Гора!
    Ете, Бог те удостои да дојдеш!
    И сега кога сум веќе тука, утре сакам да се причестам!

Му забранив да се причести. Му реков:

    Јас ќе служам утре, не се осмелувај да се приближиш кон светата Причест!
    Дојдов на Света Гора, имав толкава желба и да не се причестам?!

Му одговорив:

    Знаеш ли што правиш? И сега сакаш да се причестиш? Барем имај совест. Покажи малку разум, ако ништо друго.

Тој ми рече:

    Ќе го земам од градината на Богородица и ќе го одведам во градината на Христос!
    Ете – му реков – земи го, синко во градината на Христос.

Да не го опишувам крајот зашто е многу трагичен. По неколку години дојде и ме молеше да го примиме повторно неговиот син во градината на Пресвета Богородица – но беше многу доцна.

Тој човек беше благочестив, одеше во црква, кажуваше проповеди, дури и имаше постено пред да дојде за да се причести на Света Гора. Но истовремено тој извршуваше страшен духовен престап, иако неговата совест не го изобличуваше, бидејќи никогаш не беше сфатил дека сите тие години поминати во храмот имаат цел. Целта поради која си таму е да Го возљубиш Христа, а  не да исполнуваш неколку формални задолженија кои ќе те направат добар човек! Опасно е кога човек ќе живее во Црквата без да ја разбира суштината, особено уште и ако не се покајува. Тој може да си формира претстава за себе си дека е многу добар човек. Такви луѓе се среќаваат често. Тие велат:

    Ние сме добри луѓе! Каде и да прашаш ќе ти кажат најдобро за мене! Нема човек што би ти рекол нешто лошо. Никогаш не направивме зло некому, никогаш не онеправдавме некого. Никого не повредивме или навредивме на било каков начин.

Кога некој мисли за себе си на таков начин, е тогаш тој има потреба од добронамерен совет на некој што гледа од страна, зашто таквиот е во опасност, голема духовна опасност. Напротив големите светии, меѓу нив први апостолите велеле – ние сме најлоши меѓу луѓето, најмалиот од сите, така вели светиот апостол Павле, додавајќи за себе си и дека е недоносче (1 Коринт. 15,8) односно некој кој е неупатен во духовните работи. Апостолите велеле дека нема грев што не го извршиле и дека никогаш не нашле нешто добро во себе си, барем така го гледале тоа светиите кога размислувале за себе. Читаме во Светото Писмо:

    Барам да видам нешто добро во себе си и не наоѓам. Немам никакви добри дела, не најдов дека сум направил нешто добро.

Се сеќавам за отец Ефрем Катунакиски, кога еднаш појдов кај него, беше тоа при крајот на неговиот живот, и Бог му имаше дадено да ја предвкуси смртта. Тој сподели:

    Го имав тоа чувство за смртта неколку денови по ред и плачев и барав да најдам во себе си некакво добро, но не открив ниту едно!

 3.angeli.so.truba

Старец Ефрем Катунакиски

Си помислив – папа Ефрем Катунакиски, 80 години во пустината, тој човек кој, како што се вели, Го гледаше Бога секој ден, и не наоѓа добро во себе си. А ваму некави други луѓе бараат да најдат некаво зло и не наоѓаат, толку многу добрина имаат во себе…

Колку сме немоќни и колку треба да работиме на себе си. Навистина Бог нека нѐ помилува сите, зашто нашата заслепеност често пати е толку голема, што воопшто не гледаме што се случува околу нас. Барем да разбереме дека во црквата критериумот е дали Го љубиме Бога со целата своја душа и битие…

 

Извор:

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/go-ljubime-li-boga-part-7/

 

Друго:

 

Митрополит Атанасиј Лимасолски: Го љубиме ли Бога? – I дел ...

Митрополит Атанасиј Лимасолски: Го љубиме ли Бога? – II дел ...

Митрополит Атанасиј Лимасолски: Го љубиме ли Бога? – III дел ...

Митрополит Атанасиј Лимасолски: Го љубиме ли Бога? – IV дел ...

Митрополит Атанасиј Лимасолски: Го љубиме ли Бога? – V дел ...

Митрополит Атанасиј Лимасолски: Го љубиме ли Бога? – VI дел ...

 

 

 

 

 

 

 

http://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D0%9C%D0%B8%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%20%D0%90%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%98%20%D0%9B%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D1%81%D0%BE%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B8:%20%D0%93%D0%BE%20%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%B8%D0%BC%D0%B5%20%D0%BB%D0%B8%20%D0%91%D0%BE%D0%B3%D0%B0?&ordering=newest&searchphrase=all

 

 

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2026
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2047
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 493
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

07/05/2026 - четврток

Светиот маченик Сава Стратилат; Преподобна Елисавета; Светите маченици Пасикрат и Валентин; Преподобен Тома Јуродив; Светите маченици Лука и Никола;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная