Срцето е почеток и корен на сите наши дела, учи свети Тихон Задонски. Што и да правиме во и надвор од нас, го правиме со срцето, било тоа да е Добро или зло. Со срцето веруваме или не веруваме; со срцето сакаме или мразиме; со срцето се смируваме или се возгордејуваме;
„Тато купи ми кифла…“ Нови истории за чудата на Преподобен Гавриил (Ургебадзе)
Мојата ќерка Мариам, уште од раѓањето имаше проблеми со говорењето. Таа не можеше да зборува. Единственото нешто што можеше да го изговори, беше звукот „у“. На овој начин таа се обидуваше да ни каже што сака и што ја мачи. Отидовме кај сите лекари во градот, но немаше никакви резултати. Таа практично беше нема, и ние се помиривне со тоа. Еден ден, мислата ме