Заупокоена Литургија во Куманово на стогодишнината од упокојувањето на Јане Сандански
Во средата од втората седмица по Пасха (22.04.2015 г.), кога Црквата го прославува споменот на преподобните маченици Евпсихиј и Вадим, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, служеше Заупокоена Литургија и панихида за Јане Сандански. Овогодинешниот помен се совпаѓа со стогодишнината од неговото убиство.