Академик Ѓорги Поп-Атанасов за трудот „Свети праведен Јоаким Крчовски“
Јоаким Крчовски е родоначалник на новата македонска книжевност, народен учител и проповедник. Автор е на пет книги, печатени помеѓу 1814 и 1819 г. во австроунгарскиот град Будим: „Слово исказаное заради умирание“, „Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова“, „Митарства“, „Чудеса Пресвјатија Богородици“ и „Различна поучителна наставленија“.