Божествена Литургија во манастирот посветен на св. Наум Охридски во Радишани
На 03 јули 2017 година, денот во кој Македонската Православна Црква го прославува поменот на свети Наум Охридски Охридски, Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан отслужи Божествена литургија во манастирот посветен на преподобниот Наум Охридски, во Радишани.






Кога ќе се најдеш во некоја темна соба, не ја удираш темнината за да ја избркаш. Не исчезнува така. Отвори го прозорецот и пушти ја светлината внатре; со други зборови, потчини ѝ се љубовта Христова, и тогаш темнината ќе исчезне без да се трудиш.
“Кoга нeкoј пoзнат чoвeк ќe ти вeти нeштo, ти би пoвeрувал на нeгoвoтo вeтувањe и нe би ни пoмислил дeка ќe тe измами oнoј кoј e пoстoјанo вeрeн на свoјoт збoр. Нo, глeдај вeрoлoмнику, тeбe ти збoрува самиoт Бoг и ти сo сoмнeвањe сe кoлeбаш! Бoг ти вeтил бeсмртнoст пo излeгувањeтo oд oвoј свeт, а ти дрскo сe сoмнeваш вo тoа вeтувањe?
Сконцентрираноста, нерасеаноста, задлабоченоста на умот во молитвата е најтесно поврзана со начинот на живот на светителот кој денес го празнуваме. Спротивно; расеаноста, површноста е еден од главните белези на денешниот начин на живот.
под раководство на неговото Високопреосвештенство, митрополитот Волоколамски, г. Иларион Алфеев, се одржа одбрана на магистерски трудови. Меѓу останатите, магистерска дисертација на тема „Црковно-политичката ситуација на Балканот кон крајот на 12-ти и почетокот на 13-ти век“, успешно одбрани и дипломираниот теолог Александар Ѓорѓиевски од Велес, вработен во администрацијата на Повардарската епархија.
Човековото спасение зависи од молитвата, бидејќи тоа е она што приближува и соединува кон Бог. Кога човекот се наоѓа во близина Божја, наполно природно е да не скршнува од етичкиот пат, зашто вложува внимание во секој свој чекор. И покрај сето наше внимание, ѓаволот не престанува да нe сопнува, зашто сака да нe изненади во миг на слабост и да нe одвлечка на својот пат, кој секогаш води вртоглаво надолу.
Личноста на почитуваниот Митрополит Павле, вечно ќе остане во сеќавање во Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, пред сѐ тој беше личен пријател и човек кој ја сакаше нашата Помесна Црква. Бил дури во посета на нашата библиска земја Македонија и во секоја прилика бил наша потпора на Австралискиот континент.
Христoвитe прoтивници сeкoгаш пoстигнувалe oбратeн рeзултат вo свoитe напoри прoтив Христа. Намeстo да ја застанат рeката на христијанствoтo, тиe ја расширувалe, прoдлабoчувалe и ја правeлe пoбујна. Намeстo да ја исушат, тиe прeдизивкувалe, така да сe рeчe, пoтoп oд нeа пo цeлиoт свeт.
Има многу молитви, но најважна од сите е онаа, која ни ја дал Самиот наш Спасител – молитвата „Оче наш“, како што е речено и во Светото евангелие, зашто ја опфаќа во себе целата евангелска вистина, а по оваа молитва, прва според значењето и важноста е спасоносното повикување на нашиот Господ Исус Христос, Синот Божји. Тоа е Исусовата молитва. Многумина од нашите преподобни отци се потрудиле да нѐ научат на неа.
Господи Исусе Христе, не откажувај се од Твоите слуги што живеат далеку од Црквата. Твојата љубов нека ги убеди и нека ги врати при Тебе. Господи, спомни си за Твоите слуги што се болни од рак, за Твоите слуги што страдаат од мали или големи болести, за Твоите слуги што страдаат од физички слабости. Господи, спомни си за нашите водачи и дај им дух да владеат со христијанска љубов. Господи, спомни си за децата од проблематични семејства,
Но дали природата на светот, на светот видлив и на светот невидлив има некаков заеднички именител со злото? Светот лежи на зло, според евангелското сведоштво, но светот не е и не може да биде зло.Светот лежи на зло, според евангелското сведоштво, но светот не е и не може да биде зло. Природата на светот е светоста.
Ниe грeшимe, акo смeтамe дeка ни e дoлжнoст да ги мразимe oниe кoи ги мразат нашитe рoднини. Таа oмраза прeминува на нас какo нeкoја сeмeјна бoлeст. Усвoјувајќи ја љубoвта на свoитe рoднини, ниe ја усвoјувамe и нивната oмраза. На таа слабoст пoнeкoгаш пoтклeкнувалe и нeкoи гoлeми духoвници. Патријархoт Тeoфил никакo нe гo сакал св. Јoвана Златoуст и дo смртта oстанал нeгoв oгoрчeн прoтивник.
Коренот на похотата нема срам. Ако го сечеш секој ден, тој секој час одново ќе расне. Искорни го сосема од твоето срце, та да не може одново да расте секој ден и секој час. Ако го пресечеш и илјадапати, тој двапати повеќе ќе се обновува и ќе се засилува сѐ додека не се решиш потполно да го ископаш и отстраниш од твоето срце.
Кога бев тринаесет години решив дека сигурно сум хомосексуалец, зашто не знаев како да владеам со мажественоста која зрееше во мене. Се чувствував многу уплашен. Татко ми, веќе ми беше покажал дека има од што да се плашам: тој ја изневеруваше мајка ми и ја оставаше да плаче, осамена и скршена, оставена на очајни обиди да спаси една мртва врска.
Итар е тој што нѐ врзува и знае со што и како кого да врзе; знае оти, ако го врзе со некои вериги што не ги сака, разумот негов веднаш ќе ги разврзе и ќе се ослободи. Затоа, секого го врзува со она со што се насладува. И тоа е причината што, кога сме врзани, не жалиме, туку се радуваме; и кога сме уловени на тој начин – се воздигаме; се воздигаме, на пример што сме врзани со веригата на зависта.
На 18.06.2017 година, Недела втора по Педесетница, св. Свешт.мч. Доротеј Тирски, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, богослужеше Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ – Тетово, во сослужение на свештеници од Тетовското архиерејско намесништво протопрезвитер-ставрофор Мирко Станковски, протопрезвитер Предраг Исаески,
На 18. 06. 2017 година, Недела 2 – ра по Педестница, св. свешт – мч. Доротеј Тирски, бл. Игор Киевски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со братството, во манастирот „Св. Гаврил Лесновски“ во Лесново, отслужи Света Архиерејска Литургија и одража пригодно слово.
Во втората Недела по Светата Педесетница, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Петка“ во Кавадарци. На Литургијата сослужуваа протоереј-ставрофор Киро Ристов, протоереј Воислав Ѓорѓиев, свештеник Лазо Павлов, свештеник Трајче Грозданов и ѓакон Васил Ристовски.























