Индикт – почеток на црковната година
Поимот Индикт е латински збор што означува одредба, објава, која ја издаваа ромејските императори, со цел да се одреди висината на данокот од обработката на земјата, кој требало да го платат поданиците на Рим за прехранување на војската. Оваа одредба траела петнаесет години затоа што на секои петнаесет години биле отпуштани старите војници и се регрутирале нови.