Архиерејска Божествена Литургија и ракополагање во свештенички чин, Скопје (04.12.2019)
Архиепископот Охридски и македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на свештенството од храмот, отслужи Архиерејска Божествена Литургија. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.На светата Литургија се случи една голема и духовна радост. Имено Архиепископот г.г. Стефан, го ракоположи во свештенички чин ѓаконот Методиј Митанов.
Во духовна радост и долгоденствувај во службата Божја оче Методиј!