Митрополит Месогејски Николај: За автентичниот и лажниот христијански опит – II дел
Автентичноста на доживувањето не се поистоветува со помпезно изразување, бурна сензационалност, восхит, изненадување или световно воодушевување. Христијанското доживување е таинствено, длабоко и внатрешно. Доживувањето на Хананејката, која прифати Господ да ја споредува со кучињата, на Закхеј кој јавно ги исповеда своите неправди, на крвоточивата која тајно зеде сила од Бога, претставуваат примери на автентичност. Никој не внимаваше на овие луѓе.