СИНАКСАР- Недела од четвртата седмица на Светиот Пост (03.04.2022)
Постот е света добродетел, скалило на лествицата од земјата до Небото. Постот, славниот пост, дури (е) и цела лествица од земјата до Небото. Секоја добродетел е мал рај, секоја добродетел ја негува душата, ја облажува, во твојата душа воведува божествена небесна милост. Секоја добродетел (е) златно и дијамантско скалило во лествицата на твоето спасение која се протега меѓу земјата и Небото, се протега меѓу твојот пекол и твојот Рај. Секоја добродетел