Свети Григориј Палама
„Сакајќи да создаде слика на апсолутната убавина и јасно да им ја покаже на луѓето и на ангелите силата на својата уметност, Бог ја направил Марија вистински прекрасна. Он во Неа ги соединил одделените убавини што им ги раздал на другите созданија и од Неа направил заеднички украс на сите видливи и невидливи суштества; или поскоро,
од Неа направил мешавина од сите божествени, англески и човечки совршенства, една врвна убавина што ги разубавува и двата света, која се издигнува од земјата до небото, а последново дури надминувајќи го.”
Друго:
Икона на Пресвета Богородица „Нажалена за бебињата убиени во утроба“
Икона на Пресвета Богородица
„Нажалена за бебињата убиени во утроба“
Божјата Мајка е добра застапничка во сé, особено голема е Нејзината помош за жените и децата. Во христијанството постојат голем број на икони на Богородица и тие толку се разликуваат една од друга што тешко е да се претстави дека на нив е изобразена едната и иста Божја Мајка. Помеѓу нив, особено совршена е иконата на Пресвета Богородица „Нажалена за бебињата убиени во утроба’’.
Историја на напишаниот свет лик
Според христијанската вера, појавувањето на бебето во жената произлегува поради Божја волја, во него има честичка на вечноста, честичка на Бог – душа. За жал, се случуваат такви ситуации, кога жената одлучува да се ослободи од така наречената несакана бременост, било тоа да се лични или медицински причини. Од една страна, православието се противи на убиството на сé уште неродените деца, сметајќи го тоа за грев, но од друга страна, на самата жена потребна и’ е психолошка и духовна помош за да ја надмине оваа тешка ситуација.