Луѓе Божји, со мирис на Бог
Некои луѓе мирисаат на Бога.
Не знам дали ти се случило, но кога ќе им се приближиш
чувствуваш дека тука нешто се случува.
Нешто излегува од овие луѓе;
некоја сила, радост, благодат, светлина.
Некои луѓе мирисаат на Бога.
Не знам дали ти се случило, но кога ќе им се приближиш
чувствуваш дека тука нешто се случува.
Нешто излегува од овие луѓе;
некоја сила, радост, благодат, светлина.
Откако стана епископ на Црквата и замина по белиот европски свет да ги собере сите Македонци, кои покрај куферите со себе ја понеле и верата во Христа Бога, за заедно да се молат на Бога во наши храмови и да Му благодарат на Христа Бога за сето тоа, отец Пимен повторно и повторно го бара и го сонува параклисот, и така секоја година.
Рече Господ на Јудеите што беа дошле кај него: „Тешко вам, фарисеи, оти давате десеток од нане и рута, и од секаков зелен, а преминувате преку судот и љубовта Божја; ова требаше да го правите, но и она да не го оставате. Тешко вам, фарисеи! Оти сакате да сте на првите места во синагогите и да ве поздравуваат по плоштадите!
„Секое царство разделено на две половини, едно против друго, запустува; и дом - на групи, една против друга, пропаѓа; и, ако и сатаната се разделил сам против себе, како ќе се одржи царството негово? Оти велите дека Јас преку Велзевула ги истерувам бесовите.
Богочовекот сака да ја покаже токму таа разлика со прашањето до Своите ученици, и тоа додека биле со Него насамо – од што се гледа посебниот однос: „А вие, за кого Ме мислите?“, и токму за да го предизвика одговорот на Петар, што очигледно произлегува од опитот на посебна лична заедница со Бог и ја потврдува истата: „За Христа Божји“.
Парата е над сите религии, дури и над паганизмот во овој случај. А добрата реклама и желбата да бидеме "ИН" и во тек со сите светски мас прослави, кога веќе Дедо Мраз ни го донесе пред многу години од Лапонија, карневалите од Рио, зошто не би го донеле и Џек фенерџијата.
Па тоа е само забава, ќе речат во образованието, оние кои не знам дали по наставна програма
Штом послушниот монах пристигна до реката и виде дека е поплавена, веднаш сфати дека не е можно да се помине. Затоа клекна и почна со солзи во очите, но со затворени усни да се моли. Кога завршил со молитвата, се појавил еден крокодил кој застанал пред него. Тогаш монахот се качил на крокодилот и од него бил пренесен на другата страна од реката.
Светот отсекогаш сакал да ги отстрани, на крај и да ги убие Божјите луѓе и пророци, а Бог со генерации ги негувал Своите светии, за на крај да добиеме плодови како Божјата Мајка – Пресветата Богородица и Секогашдева Марија, и светиот Јован Пророк и Крстител Господов. Светот сакал да ги запознае со цел да ги уништи светите луѓе:
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото Евангелие, ревнителке за Господовите заповеди,
Во нашиот храм „Свети Никола Чудотворец“ при Центарот за борба со туберкулоза, по правило Литургија се служи двапати, во текот на седмицата и во недела. Доаѓаат и пациенти, и поранешни болни за кои храмот станал родно место, како и медицински сестри.
Сведоци Христови можат да бидат само оние кои ги чуле Неговите зборови, ги спровеле во дело и останале со Него докрај – и тогаш и денес. Клучно е претрпувањето докрај – со Него, само тоа се важи. Инаку, многу е битно на почеток, за еден духовен водач, да се посвети и да оспособи мал број, но добри ученици; како Богочовекот Исус Христос што ги собра само дванаесетте Апостоли.
"Немам ништо, освен една слаба - речиси готова да падне - но, сепак, за мене непрекината радост. Ја сакате?‘ Не, не ја сакаат. Сакаат да разговараат за ’проблеми‘ и да зборуваат за ’решенија‘. Не, не постоела поголема победа на ѓаволот во овој свет од таа ’психологизирана‘ религија. Во психологијата има сè. Само една работа во неа е неразбирлива, немоќна: радоста!“
Што да каже човек за жената од евангелието што го слушнавме, освен да заплаче – размислувајќи за она што таа го направи, и да се помоли Господ Христос да ни подари барем нешто од нејзинaта љубов кон Него. Пред средбата со Богочовекот Христос, Евангелието сведочи за неа дека е грешница.
При сето тоа, апостол Павле го нагласува спасоносното значење на тешкотиите - за што сведочат и светителите. „Повисоко од благосостојбата е искушението“, афористички вели свети Григориј Богослов. А на друго место: „Душата што се бори е блиску до Бога“. Тешкотиите што Бог толку милостиво ги дозволува се уздите на нашата самобендисаност.
Затоа, да имаме целосна доверба во Бога. Она што Он го допушта да го примаме.
За жал, и ние имаме огламници како и коњите. Немаме приближување кон нештата со набљудување. Бог сѐ знае, сегашноста, минатото и иднината. Знае што ни е од полза, а што не. Соодветно и ни дава. Затоа, да не негодуваме. Тоа што ни го дава да го примаме – болест, сиромаштија, што и да е тоа!
„Пристапија и Го разбудија, говорејќи: ’Наставниче, Наставниче, загинуваме!‘ А Он, штом се разбуди, им забрани на ветрот и на брановите; и тие се смирија и настана тишина.“ Еве што значи збор (слово) во сила. Богочовекот Христос кажа само збор и природните стихии се смирија. Божјиот збор, т.е. зборот во сила е извршен:
Многу од нашите современици не признаваат дека настаните што се случуваат во светот имаат религиозен призвук. Тие имаат тенденција да ги објаснуваат природните процеси со „природни“ причини, човечките постапки со - рационална неопходност а одалечувањето од Христа со – научниот напредок. Во нивната слика за светот, речиси ниедно место не е резервирано за верување во Бог,
· Кај мене на исповед дојде едно болно девојче од 12 години, од детскиот дом за умоболни. Таа не можеше да поврзе два збора, постојано се вртеше, a ненормалниот поглед и чудните гримаси, доволно зборуваа за нејзината незрелост. И ете, таа почна да се исповеда и да се причестува секоја недела. После една година кај неа се појави потреба да ги открива и помислите (оној кој се моли и се исповеда често знае како е тоа).