Свети Јован Касијан Римјанин: За молитвата (1)
Мислам дека не можат да бидат опфатени сите видови на молитви, без скрушеност на срцето, без чистота на душата и без просветување од Светиот Дух. Нив ги има толку, колку што во една душа или во повеќе души може да има состојби и расположби. Според тоа, колку напреднал умот во чистотата и според квалитетот на состојбата, во која се наоѓа одвреме – навреме и се издигнува кон Бога, во сите тие мигови душата се преобразува.