Осветувањето на новоизградениот храм посветен на св. Кирил и Методиј во Дортмунд
На 30.4.2023 година, втора недела по Пасха, денот во кој Црквата го прославува споменот на светите жени Мироносици, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше на осветувањето на новоизградениот храм посветен на светите солунски браќа, сесловенските просветители Кирил и Методиј во Дортмунд, Германија.