Свети Силуан Атонски: Душата не може да има мир ако не се моли за непријателите
Оној што е научен на љубовта од Светиот Дух, цел живот тагува заради луѓето што не се спасуваат.
И пролева многу солзи за народот, и благодатта Божја му дава сила да ги љуби непријателите.
Ако немаш љубов, тогаш барем не ги напаѓај и не ги проколнувај. И тоа е веќе добро. Во оној кој проколнува и се кара, живее лошиот дух.