логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Sinaj.manastir.sv.Katerina
Уште од првите векови на христијанството во Македонија, областите во кои се одиграле толку значајни настани од историјата на христијанската религија, привлекувале и македонски луѓе, желни да се подвизуваат, да се посветуваат. Во Синајските манастири, особено манастирот „Св. Катарина“, изворите говорат дека уште во XI век таму имало цела колонија калуѓери од Македонија. Од синајскиот манастир се познати десетици најстари споменици на нашата стара книжевност. Таму се најдени познатите македонски глаголски споменици: Синајскиот псалтир и Синајскиот требник.

TViTer677

Православниот манастир „Света Катерина“, кој се наоѓа на 1300 метри надморска височина, опкружен со црвени гранитни планини чии врвови надминуваат 2000 м.н.в., во непрегледна и непристапна пустина на југот на Синајскиот Полуостров (Египет), од страна на УНЕСКО е ставен на листата на светското културно наследство. Манастирската библиотека содржи најголема збирка на ракописи по ватиканската библиотека, а во манастирот има повеќе од 120 икони.

Манастирскиот комплекс го изградил византискиот император од македонската династија Јустинијан I, меѓу 527 и 565 година. До капелата посветена на Пресвета Богородица, изградена во 330 година од царицата Елена, мајката на Константин Велики, на местото на грмушката која гори, а несогорува и каде Господ му се јавил на Мојсеј (околу 1.400 година п.н.е.), Јустинијан и царицата Теодора изградиле трокорабна базилика од црвен гранит, конак за монасите, целиот манастирски комплекс го опколиле со високи ѕидини и довеле посада која била задолжена да се грижи за безбедноста на монасите и манастирскиот комплекс.

Sinaj.nesogorliva.kapina

Во историјата на стариот свет, за еврејскиот народ не постои посвето место од Синајската гора. Огромните Јустинијанови ѕидини од VI век и денес го опкружуваат местото каде Мојсеј ја виде грмушката која гори, но не изгорува и каде го слушна гласот на ангелот Божји кој го повикува: „Мојсеј! Мојсеј! Извади ги сандалите од своите нозе, зошто земјата на која стоиш е света замја“.

На истото место каде и денес постои капела посветена на Богородица, верниците ги соблекуваат обувките како што Господ барал од Мoјсеј.

Синајската пустина било место каде се засолнуваат голем број верници пред многубројните намети и прогоните на Рим врз христијаните. Во III век веќе постојат мали манастирски заедници на светите места во Синајската пустина. Животот на овие заедници бил препуштен на суровите планинските услови и пустинските разбојници. Со изградбата на монументалниот ѕид со четири кули, како и со населување на посада која се грижела за безбедноста на манастирот, животот на заедницата се изменил. До ден денешен нивните наследници кои за врема на арапските освојувања преминале во ислам, не ја напуштиле љубовта кон манастирот и заедно ги надминуваат сите непријатности, помагајќи си едни со други.

Sinaj.manastir.sv.Katerina.Preobrazenie1

Sinaj.manastir.sv.Katerina.Preobrazenie

Во текот на својата петнаесетвековна историја, тробродната базилика на Јустинијан никогаш не била освоена или разрушена. Во неа постои величенствен мозаик Преображение Господово, кој претставува светол пример на ранохристијанската уметност. За разлика на мозаикот од Равена, секоја коцка на синајскиот мозаик во олтарот на црквата потекнува од времето на Јустинијан. Убавината и квалитетот на изработката сведочат дека бил изработен од искусни уметници од цариградските работилници.

TViTer675

Манастирските ризници ги чуваат најстарите анкаустични икони кои се изработувани до VII век. Покрај непроценливите икони од овој период, во манастирот Св. Катарина свое засолниште нашле голем број икони од целото византиско царство за време на иконоборечкиот период. Од 726 – 843 година, во византиското царство се воделе жестоки теолошки расправи за улогата на иконите. Во овој период донесена е одлука за забрана на изработка и уништување на веќе постоечките икони со ликот на Исус и светителите. Така, голем број икони од Цариград биле засолнати во манастирските ризници. Исто така, големиот број сочувани икони од овој период, произлегува од фактот дека од VII век, Синај веќе не е во состав на Византија, па така голем број иконоборечки одлуки не морале да се почитуваат и спроведуваат.

TViTer674

Во време на арапските освојувања во VII век, додека голем дел од христијански заедници на Синај настрадале, манастирот Св. Катарина успева да го обезбеди својот опстанок. Неговите монаси отишле кај пророкот Мухамед во Медина да бараат заштита, кој им дава документ за негова лична заштита на манастирот. Многупати овој документ го спасил манастирот од уништување. За време на походот на фатамидскиот калиф во XI век, монасите за да го избегнат уништувањето испраќаат преставници, кои носат богатство од манастирските ризници за калифот. За тоа време монасите преку ноќ ја рушат трпезаријата во манастирот и на нејзино место градат џамија со минаре кое се гледал од далеку од манастирот. Тоа било доволно, калифот да се откаже од пустошењето на манастирот. Така, Св. Катарина е единствен манастир во чија внатрешност ностои црква и џамија.

Од дамнешни времиња синајските манастири имале македонски калуѓери, особено манастирот Св. Катарина. Уште од првите времиња на христијанизирањето на Македонците, областите во кои се одиграле толку значајни настани од историјата на христијанството, привлекувале и македонски луѓе, желни да се подвизуваат, да се посветуваат. Постојат информации кои говорат дека во манстирот Св. Катарина уште во XI век имало една цела колонија од Македонија.

Македонските калуѓери оставаат свои траги во синајскиот манастир Св. Катарина. Во таква средина се развивала нашата стара книжевност. Од синајскиот манастир се познати десетици најстари споменици на нашата стара книжевност. Во синајскиот манастир се најдени, познатите македонски глаголски споменици: Синајскиот псалтир и Синајскиот требник.

Sinajski psaltir (Psalterium Sinaiticum) потекнува од XI век. Содржи 177 пергаментни листа, пишувани со типична обла глаголица. Има карактеристични иницијали и заставки. Во пишувањето на ракописот учествувале четворица пишувачи. Текстот е веројатно поврзан со првобитниот кирило-методијевскиот превод на псалтирот. Тој е препишуван од повеќе лица и по јазичните особености се лоцира во Западна Македонија. Се чува во манастирот Св. Катарина на Синај.

Синајскиот требник (Euchologium Sinaiticum) потекнува од XI век со македонски јазични особености.

Пишуван е во полуаглеста глаголица. Пронајден е во манастирот Св. Катарина на Синај во 1800 г. Украсен е со иницијали во вид на плетенки во разни бои, црвена, зелена, жолта, сина, црна. Голем дел од иницијалите се во зооморфен или во антропоморфен стил. Содржи молитви, делови од служби и библиски вметнувања, како и две оргинални статии, поврзани со Св. Климент Охридски и книжевната дејност на Св. Кирил и Методиј во Моравија. Главниот дел од ракописот претставува превод од грчки, но содржи и молитва преведена од стар, високо-германски. Поголемиот дел од кодексот се чува во манастирот Св. Катарина на Синај.

Покрај Синајскиот псалтир и Синајскиот требник, во манстирот Св. Катарина, откриени се и други текстови меѓу кои: Синајскиот палимпсест (македонски ракопис од крајот на XII) и Синајски мисал 5/Н (глаголички ракопис од XI век).

Еден од најпознатите македонски печатари Теодисиј Синаитски, веројатно се замонашил токму во манастирот Св. Катарина.

Тој околу 1827/28 заминува од Дојран и оди на полуостровот Синај. Таму, во манастирот, дојранскиот поп Теохар стапува во калуѓерскиот ред и со новото име, Теодосија ќе ја започне својата корисна културно-просветна работа. Поради заслугите што ги имал за манастирот, Теодосија е избран за старешина, архимандрит. Во спомен на престојот во манастирот на Синај, Теодосија кон своето име редовно ќе го дава зборот Синаитски.

TViTer676

 Тихомир Каранфилов 

 Извор:

Sinaj.manastir.sv.Katerina1

http://www.mn.mk/komentari/6444-Makedonski-kalugeri-vo-manastirot-Sv-Katarina-vo-Sinaj

Друго:

https://sr.wikipedia.org/sr-el/%D0%9C%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%80_%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B5_%D0%9A%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B5_%D0%BD%D0%B0_%D0%A1%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%98%D1%83

ФОТО: избор од фб профил на Дејан Трајковски

 Sinaj.manastir.sv.Katerina3

Sinaj.Mojseeva.pateka.750.skali

 Sinaj.Mojseeva.pateka.750.skali1

 Sinaj.Mojseeva.pateka1

 Sinaj.Mojseeva.pateka2

 Sinaj.Mojseeva.pateka3

 Sinaj.Mojseeva.pateka5Sinaj.Mojseeva.pateka4

Sinaj.Mojseeva.pateka6

 Sinaj.nesogorliva.kapina1

 Sinaj.Vrv.Mojsej.10.zapovedi

Декември 2022 лето Господово

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3210
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7694
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

21/12/2024 - сабота

Божикен пост (на риба)

Преп. Патапиј; Св. апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар; Св. маченици во Африка;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Тропар на светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици 28 ноември / 11 декември 2024

Голема пофалба и крепост има градот Тивериски,ерарсите, свештениците и левитите: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная