Археолозите ја докажаа реалноста на едно од Христовите пророштва
Израелските научници пронајдоа археолошки сведоштва за масовното уништување извршено од страна на Римјаните, за време на опустошувањето на Ерусалим во 70 – та година по раѓањето Христово, што во потполност се сложува со описот кој го дава историчарот Јосиф Флавиј, како и Христовото пророштво во Евангелието дека од Ерусалим „нема да остане ниту камен врз камен“.