Тишината како тајна
Тишината во овој свет нè носи од другата страна на земјотресите, бурните ветрови и огнениот пламен, од другата страна на стресот, страдањето и болката. Таа се претвора во нешто, кое што можеме да го слушнеме – слово на неискажливата убавина. Тишината ни дава можност да го чуеме тивкиот глас на Бога, кој што е како „здив од тих ветар“ (3 Цар. 19:12).