АВВА ДОРОТЕЈ ОД ГАЗА: ИЗРЕКИ И ПОУКИ (4)
Свети Јован во едно од неговите посланија вели: „Совршената љубов го изгонува стравот“. Што сака со ова да ни каже светителот? За каква љубов и за каков страв ни говори? Псалмопејачот (Давид) вели: „Имајте стравопочит кон Господа сите праведници Негови“. Вакви изреки наоѓаме на многу места во Светото Писмо. Според тоа, ако светителите кои Го љубеле Бога и имале стравопочит кон Него, како можеме да кажеме: „Љубовта го изгонува стравот“?