логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 TVIT60

НАШЕТО ЗАЕДНИЧКО ПАТУВАЊЕ

              Навистина понекогаш не ја чувствувам твојата болка, грижа, стрес, срцебиење, напнатост, замор и веројатно те вознемирувам заради тоа. Но, не ми се лути, бидејќи не е дека не ми е гајле, не е дека сум рамнодушен, не е дека не те сакам. Веројатно во тој момент сум „на друго место“. Донекаде, не посветив доволно внимание на тоа низ што поминуваш, или не те забележав на начин на кој би сакал да те забележам и да те поддржам.
Не сакам да се оправдувам, затоа и сакам прошка, затоа и се трудам, затоа  и останувам „тука“. Ти ги имаш своите проблеми, како и јас. Ти може се чувствуваш на еден начин, јас поинаку. Тешко е кога си уморен да го разбереш уморниот. Тешко е, кога си радосен и безгрижен, да ги разбереш тагите и угнетувањата. Тешко е кога не те боли да ја чувствуваш  болката за накој друг. Тешко е кога си сит да ги разбереш гладните. Но, ова е нашата борба. Ова е патот на нашето заедничко патување.
              Тоа е патот на љубовта, кој те повикува мене и тебе да не бидеме рамнодушни, но да се сораспнеме со другиот, да сочувствуваме со него, да го разбереме и почувствуваме.
Затоа те молам за прошка. Затоа, го молам Господ да ме просветли за да не паднам повторно во замката на рамнодушноста. Затоа што да се биде рамнодушен или невнимателен за она што го чувствуваш, за она низ што поминуваш, за мене е голем пад.
Зашто грев е не само ако ти направам зло. Грев е да не ти правам добро, кога можам. И секако е убаво да ти помогнам, макар и малку, да го носам твојот крст, рожбата на твоето безмилосно секојдневие. Извини што не бев како добриот Самарјанин, кој не го одмина (ближниот), не беше рамнодушен, не ја гледаше сопствената удобност, застана на врвот на пожртвуваната љубов, давајќи му топлина, утеха и топла прегратка на ближниот кој страда и во тој час имаше потреба од него.
Нека јас и сите ние заедно некогаш ја стекнеме оваа свест на Добриот Самарјанин, за да можеме со нашите животи да даваме кислород и живот, радост и олеснување во животите на другите.
***
             Не можеш да му даваш пари, подароци или сигурност на другиот. Меѓудруго и тоа (се разбира). Но, мислам дека најважно е да се насмее другиот. Ова е најголемиот благослов, најголемиот подарок што можете да му го дадете. За да го насмеете, насмејте се. Како и најголемиот подарок што можете да го добиете од другиот. Неговата насмевка, смеа, радост.
Нема поубав звук од смеата на саканата личност и нема поубава глетка од неговата насмевка. Пробајте го тоа -  да ја насмеете другата личност. Затоа што, дури и да сте лишени од многу работи, ако има насмевка и смеа во вашата врска, сè омекнува и конечно се надминува. Благослов е да се даваат и примаат насмевки.
***
Достоинството на нашето постоење е лажна смисла, бидејќи само по себе не вреди ништо, затоа што ја губиме својата личност и ги осакатуваме нашите животи кога живееме во самопофалба  на индивидуалноста. Само вистинските односи додаваат вредност на нашите животи. Само преку нашиот однос со другите ја сфаќаме смислата на животот, која е во заедништвото, во постигнувањето на беспочетната љубов која ја ослободува вистината.
***
            TVIT61

Престани да  го гледаш другиот во рацете, устата, во косите, во нозете... Престани да гледаш  на неговите страсти, неговото богатство, неговите копнежи, неговите мисли, неговата плот и погледни го во очите. Гледај го со милост и сочувство, со благост и нежност, со добрина и љубов. Така и ти погледни го другиот; како што Бог те гледа тебе.

Автор: архим. Павел Пападопулос/ bogonosci.bg
За Преминпортал Симеон Стефковски

16.01.2023лето Господово

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2051
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2070
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 514
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

09/05/2026 - сабота

Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски; Свети Јоаникиј Девички; Свети Стефан епископ Пермски; Преподобен Филотеј Зервакос ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная