Спомен на Светите Првоврховни Апостоли Петар и Павле
Петар и Павле, сесветлите светилници на духовното небо, првоврховните и сефални Апостоли, ги чествува денес должно и со псалми и химни ги воспева нивните сечесни личности, Црквата Христова.
И со право толку торжествено ги слави, бидејќи, како што со благопочитание говори нашиот Старец, Архимандрит Партениј, „таа (т.е. Црквата), создадена со воплотувањето на Синот и Словото Божјо и со слегувањето на Светиот Дух во светот, Кој им го подари обилното Божествено просветление на светите