Утеха за денешната состојба
И така, да не забораваме, дека Бог е над сите нас. Дека Он го допуштил тоа за наша полза. Вие многу убаво знаете, колку многу во последно време се поминаа рамките на нормалноста, почнувајќи со абортус, блуд, сѐ – пијанство, наркоманија, сѐ што сакаш, сѐ кај е нас превртено наопаку, хомосексуалност итн. Цел свет се свртел наопаку. Затоа беше природно што Бог допушти да се случи нешто. Небитно, пристигнал ли овој вирус од било каде, или бил произведен, тоа нас не нѐ интересира. Бог него го допуштил. Затоа што светот трча на таа страна, и Бог мораше да нѐ крене на нозе. И Он го допуштил тоа.