За Мајката Божја – свети Силуан Атонски (25.08.2015)
Кога душата е во љубовта Божја, о, колку е тогаш сè добро, колку е сè мило и весело. Но, и при љубовта Божја постои тага. И колку е поголема љубовта, толку е поголема и тагата. Божјата Мајка никогаш не згреши ниту со една помисла, и никогаш не ја губеше благодатта.