Јеромонах Тит: АКО НЕ Е ДОЦНА...
Богородица. Тежок збор, невероjатен и уникатен. Над умот и разумот. Потребни се очите на срцето. Очите на верата и верните. Очите на грабнатиот (во Господ!) и чист ум. Отците зборуваат највозвишено. Ние - премногу лесно и плитко, емотивно.
За да се доближиме до Неа нужна е особена чистота. Не само усти. Чисто и отворено срце. Просветлен, лесен, вознесен ум.
Отците молитвата ја доживуваат како Богораѓање.